Достапни линкови

Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат


Рускиот фонд за директни инвестиции покажа примероци на вакцина против кковид-19 изработена од Институтот за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, во Москва, Русија на 6 август 2020 година
Рускиот фонд за директни инвестиции покажа примероци на вакцина против кковид-19 изработена од Институтот за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, во Москва, Русија на 6 август 2020 година

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија стана првата земја што одобри вакцина ковид-19, која има потенцијал да ја смести Русија во првите редови на глобалните напори за ставање крај на смртоносната пандемија на коронавирусот. Но, со оскудни информации, нецелосно тестирање и без меѓународен надзор, како што пишува Метју Луксмор, скептицизмот се шири. Еве поглед како се развива вакцината во Русија, зошто е контроверзна - и дали е прерано за медицинските истражувачи на Русија да бараат Нобелова награда.

Русија стана првата земја што издаде регулаторно одобрение за вакцина против ковид-19 и планира да започне програма за масовна имунизација во октомври.

Објавувајќи ја веста на видевконференција со неговиот кабинет на 11 август, претседателот Владимир Путин рече дека една од неговите ќерки е вакцинирана без сериозни несакани ефекти.

„Главната работа е сега за нас да осигураме безбедност на употребата на оваа вакцина и нејзината ефикасност“, рече тој.

Русија ја регистрираше вакцината против коронавирусот, експертите скептични

Но, меѓународните експерти за здравство посочуваат на недостаток на клиничките испитувања во доцна фаза, кои се сметаат за круцијални за утврдување на безбедноста и ефикасноста на вакцината и го критикуваат нејзиниот забрзан развој во услови на глобална трка за вакцина - битка за престиж и мека моќ што би можела ги искушува владите во геополитичките игри.

Кој ја разви?

Проектот за вакцинирање е напор поддржан од владата, надгледуван од Институтот Гамалеја, научно тело кое развива вакцина против ебола во Русија, а е финансиран од државниот руски Фонд за директни инвестиции РДИФ кој соопшти дека вложил 4 милијарди рубли (550.000 долари) во проектот.

На сликата, обезбедена од рускиот Фонд за директни инвестиции, е прикажана вакцината против коронавирусот, 6 август 2020 година
На сликата, обезбедена од рускиот Фонд за директни инвестиции, е прикажана вакцината против коронавирусот, 6 август 2020 година

Вакцината е испитана на луѓе во две фази во периодот јуни и јули. Во првата биле вклучени 38 цивили и 38 припадници на војската, а во втората биле 100 лица.

Овој процес ќе се спроведе и во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Филипините, велат од Фондот.

Берлин се сомнева во квалитетот и ефективноста на руската вакцина

Вакцината се продава со името Спутник-В, името на првиот сателит во светот.

Шефот на РДИФ, Кирил Дмитриев, го нарече откривањето на вакцината на Русија „Спутник момент“, и го доведе во врска со успешното лансирање на сателитот „Спутник“ во 1957 година – односно отворање на вселенската трка во времето на студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите држави.

Зошто се сомнежите?

Во Русија коронавирусот инфицира најмалку 849.000 луѓе и уби повеќе од 14.000, што ја прави таа земја четврта по инфицирани и 11-та по починати во светот.

Тестирањето на вакцините врз луѓе обично вклучува три фази пред одобрување за масовно производство и употреба.

Вакцина за сите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:59 0:00

Првите две вклучуваат испитувања на мала група луѓе за да се утврди дали вакцината предизвикува штетни несакани ефекти и дали е способна да го стимулира имунолошкиот систем.

Последната фаза, позната како фаза III, го продолжува следењето на илјадници луѓе администрирајќи некои со кандидатот за вакцина, а други со плацебо.

Дали Русија во октомври ќе има вакцина против ковид-19?

Она што е јавно познато за руската вакцина сугерира дека користи два адаптирани вида на аденовирус признати како способни да предизвикаат имунолошки одговор.

Но, тоа се покажува во последната фаза од испитувањето, фаза III, а Русија допрва треба да ја заврши, факт што го предизвика најсилниот скептицизам.

„Јас сигурно не би земала вакцина што не е тестирана во фаза III. Никој не знае дали е безбедна или дали функционира“, напиша на Твитер Флоријан Крамер, професор на Катедрата за микробиологија на Медицинскиот факултет Икан во Њујорк, додавајќи: „Тие ги ставаат во ризик здравствените работници и населението“.

Волонтери ризикуваат за да се забрза откривањето на вакцина против КОВИД-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:45 0:00

„Она што е важно не е да се биде прв со вакцината, туку да се биде најдобар, што значи дека мора да биде докажано безбедна и ефикасна,“ напиша Лоренс Гостин од Универзитетот Џорџтаун во колумна за Москва Тајмс, наведувајќи: „Меѓународната заедница нема да ги признае тврдењата на Русија сè додека не се исполнат ригорозните научни и етички стандарди“.

Истражувачите помалку оптимисти за вакцината за ковид-19 од руските власти

Дмитриев, началник на РДИФ, го брани пристапот на Русија. Тој вели дека вакцината направена во Институтот Гамалеја се потпира врз испробани и проверени технологии за кои тврди дека се супериорни во однос на експерименталните методи што се користат во испитувањата за вакцинирање финансирани и одобрени од Соединетите држави.

„Западните корпорации се загрижени дека ќе изгледаат лошо во споредба со развивачите на вакцини на Русија, дека Русите ги надминале“, тврди тој во коментарот за рускиот весник „Ведомости“.

Болница во Москва каде се третираат заболени од ковид-19
Болница во Москва каде се третираат заболени од ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да се придржува кон меѓународните упатства во своето истражување за вакцините.

Портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер во минатата недела рече: „Секоја вакцина ... или лек]за оваа намена треба, се разбира, да помине низ сите различни испитувања и тестови пред да биде лиценцирана за користење“.

Зошто е толку голема работа?

Најголемите светски сили со месеци се обидуваат да го преземат водството во глобалната трка за вакцина, што ќе му даде на неговиот победник престиж и можност да приоритет да има нивното население пред таа да биде достапна за другите земји погодени од болеста која зафати повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот и уби скоро 750.000.

СЗО очекува „долго траење“ на пандемијата на коронавирус

Според СЗО, 25 вакцини во моментот се на клинички испитувања, а повеќе од 100 во развој низ целиот свет.

Во САД, лабораторијата со седиште во Масачусетс Модерна спроведува тестови во фаза III, во кој учествуваат 30.000 возрасни лица на 89 места низ целата земја.

илустрација
илустрација

Москва вели дека најмалку 20 земји изразиле интерес за вакцината. Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави на 10 август дека ја прифатил понудата на Путин да и ја испорача на неговата земја руската вакцина и дека е подготвен лично да учествува во испитувањата.

„Му реков на претседателот Путин дека имам огромна доверба во нивните студии во борбата против ковид-19 и верувам дека вакцината е навистина добра за човештвото“, рече Дутерте, авторитарен лидер и чест критичар на Соединетите држави.

Што ако никогаш не се развие вакцина за ковид-19?

Ако, како што се очекуваше, најголемите учесници во потрагата по вакцина, како Кина и Соединетите држави, не напредуваат со своите програми, земјите надвор од Западот може да се свртат кон Москва.

И ако Русија ги смири сомнежите и нејзината вакцина се покаже безбедна и ефикасна, тоа ќе биде големо достигнување.

Но, тоа може да трае со месеци, а некои истражувачи посочуваат дека нема шанси за такво нешто.

"Времето кога Русија го го објави достигнувањето значи дека е „малку веројатно оти тие имаат доволно податоци за ефикасноста на производот“, изјави Натали Дин, биостатичар и експерт за заразни болести на Универзитетот во Флорида, за весникот Њујорк Тајмс.

Таа рече дека вакцините што создале ветувачки податоци од раните испитувања кај луѓето не успеале во подоцнежните фази.

Многу од најоптимистичките истражувачи ширум светот посочија дека развојот на вакцина против вирусот ќе трае барем до крајот на 2020 година - сè уште извонредно темпо во споредба со годините, па дури и декадите потребни за повеќето вакцини во оптек денес.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG