Собрание на Северна Македонија (4 август 2020) - Конститутивна седница за верификација на мандатите на 120 пратеници од новиот парламентарен состав. Седницата се одржа според строги здравствени протоколи кои важеа за сите ратениците од новиот состав и за високите државни и верски гости во Собранието.
Старо - нови пратеници под маски

1
Конститутивнаta седница на Собрание на Република Северна Македонија ја води актуелниот собраниски спикер Талат Џафери.

2
Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ја води конститутивната седница на Собрание на Република Северна Македонија до избор на негов наследник.

3
Новите пратеници најпрво ја избраа Верификациската комисија која веднаш почна да заседава за верификација на мандатите.

4
За брз состанок на верификациската комисија беше дадена пауза од 30 минути, која, како што рече спикерот Џафери, може да се искористи и за запознавање на старо-новите пратеници. На фотографијата - Техничкиот премиер Оливер Спасовски со новите пратеници.