Глобалните здравствени организации кои планираат шема за масовно купување и правично дистрибуирање на вакцините ширум светот неволно гледаат на тоа што некои побогати земји решија да одат сами, потпишувајќи договори со производителите на лекови за да обезбедат милиони дози ветувачки вакцини за своите граѓани.
Ветувачки резултати и надежи за вакцина против коронавирусот
Договорите - вклучително и оние од Соединетите држави, Британија и Европската унија со „Пфизер“, „БиоНтек“, „АстраЗенека“ и „Модерна“ - го поткопуваат глобалниот одговор на коронавирусот, велат експертите.
„Секој што прави билатерални зделки ја влошува ситуацијата“, вели Сет Беркли, главен извршен директор на Алијансата ГАВИ, која ја предводи шемата наречена КОВАКС, дизајнирана да обезбеди брз и фер глобален пристап до вакцините за ковид-19.
Пфизер соопшти дека оваа недела е во истовремени разговори со ЕУ и со неколку нејзини земји-членки за нивно снабдување со потенцијална вакцина.
Деновиве и Британија објави дека постигнала договор за обезбедување напредни потенцијални вакцини.
САД обвини кинески хакери за напад на компании кои работат на вакцина против ковид-19
Ова, според хуманитарната организација „Доктори без граници“, дополнително ќе ја разгори „глобалната борба за складирање на вакцините од страна на богатите земји“ и ќе поттикне „опасен тренд на вакцина-национализам“.
Загриженоста е дека снабдувањето на вакцините во оваа пандемија ќе го повтори она што се случи претходно - предизвикано од вирусот на грип Х1Н1 во 2009/2010 година - кога богатите нации ја откупија достапната понуда на вакцини, оставајќи ги сиромашните земји со ништо.
Ковид-19 е далеку поголема закана, а оставањето големи групи луѓе во светот ранливи на коронавирусот ќе ја прошири пандемијата, велат здравствените експерти.
„Постои ризик дека некои земји го прават токму она од што се плашевме - секој е сам за себе“, вели Гејл Смит, поранешен шеф на американската Агенција за меѓународен развој.
“ЈАС СУМ ЗАГРИЖЕН”
Повеќе од 75 побогати земји, вклучително и Британија, изразија интерес за шемата КОВАКС која е предводена од Светската здравствена организација, придружувајќи се на 90 посиромашни, за финансирање поддржано преку донации.
Но, Соединетите држави, Кина и Русија не се меѓу државите што изразуваат интерес за ова.
СЗО ги поздрави резултатите од тестот на двете вакцини
И извор на ЕУ минатата недела рече дека Европската комисија, која е извршна рака на блокот и ги води разговорите во ЕУ со производителите на лекови, ги советувала земјите од ЕУ да не купуваат вакцини за ковид-19 преку КОВАКС.
„Загрижен сум“, вели Томас Болики, директор на глобалната здравствена програма на Советот за надворешни односи.
„Она што се случува со неколку земји што го блокираат снабдувањето со вакцини е во спротивност со мултилатералните договори за снабдување.
Експертите проценуваат дека светот може разумно да се надева дека ќе има околу 2 милијарди дози ефективни вакцини до крајот на следната година, доколку неколку од водечките кандидати се покажат ефикасни во забрзаните испитувања во доцната фаза што се во тек.
Целта на КОВАКС е да се дистрибуираат дози за најмалку 20% од популациите на нејзините потписнички.
УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ?
Како и да е, Беркли од ГАВИ смета дека на ваков начин пандемијата не може да се контролира.
„Ако се обидете да ја вакцинирате целата Америка или целата ЕУ на пример, со две дози вакцини - тогаш би достигнале околу 1,7 милијарди дози. И ако тоа е бројот на дози што се достапни, не останува многу за другите “. Ако неколку, или дури 30 или 40 земји имаат вакцини, но повеќе од 150 други не, „тогаш епидемијата ќе беснее и натаму“, вели Беркли, додавајќи:
"Овој вирус ... се движи како молња. Така, ќе завршите во ситуација кога нема да можете да се вратите во нормала. Вие нема да можете да имате трговија, туризам, патувања, трговија ако не сте во можност да ја забавите целата пандемија“.
Позитивни резултати на вакцината од Оксфорд
Тој и Смит и другите здравствени експерти велат дека ставање крај на пандемијата значи да се стави крај на глобално ниво.
„Има разлика во тоа е да имате пандемија уште две години наместо уште една“, вели Смит, заклучувајќи „Економските и здравствените последици од тоа ќе бидат огромни”.