Достапни линкови

Коронавирус - измами и смрт во Туркменистан


Туркменистан - жени со заштитни маски
Туркменистан - жени со заштитни маски

Болниците во Туркменистан се преполнети, телата на починатите не можат да бидат однесени во мртовечница доволно брзо, а има и недостиг на пластични вреќи за мртвите. Но, владата на Туркменистан вели дека ништо од ова нема никаква врска со коронавирус.

Владата на Туркменистан тврди дека успешно спречила сите во земјата да се заразат со коронавирусот што беснее низ целиот свет.

Но, тоа не е она што го велат и сè поголем број туркменистанци.

Еве како, според нив, изгледа „успехот“ во борбата против ширењето на коронавирусот:

„Во одделот за интензивна нега на болницата во Ашкабат 50 луѓе умираат во просек секој ден”.

„На 19 јули лекарите предупредија дека нема повеќе пластични кеси. Телата се завиткани во крпа натопена со хлор“.

Ковид-19 во Централна Азија зема замав, мерките се враќаат

Ова го велат жители на Ашкабат за Радио Слободна Европа. Еден од нив бил пациент во болницата:

„Постојано пристигнуваа луѓе. Болницата е полна со пациенти и на сите им е дијагностицирана пневмонија“.

Според него, немало доволно возила за да се однесат сите тела во мртовечница.

Гробови во Туркменистан во кои се верува дека се погребани жртви од ковид-19
Гробови во Туркменистан во кои се верува дека се погребани жртви од ковид-19

Дописниците на Радио Слободна Европа велат дека кога телата биле во пластичните вреќи властите им кажувале на роднините да не ги отвораат и така да ги погребуваат.

Исто така една од локалните болници за деца започнала да презема пациенти со симптоми на коронавирус.

„Претходно, само едно крило беше во карантин, но сега целата клиника е затворена. Има околу 700 кревети и сите се зафатени, нема каде да се испраќаат нови пациенти “, јавуваат дописниците.

Броење на мртвите: различно прикажување на смртноста од коронавирусот

Туркменибат е главен град на провинцијата Лебап, а независната веб-страница turkmen.wus објави дека шефот на округот Фариаб починал неодамна од пневмонија.

Хасан Меткулиев имал 55 години и од 14 јули им кажувал на луѓето дека е во добра здравствена состојба.

Но, Меткулиев почина четири дена подоцна, а неговото семејство го примило неговото тело завиткано во пластична кеса за итно погребување.

Има информаци дека неговата сопруга и заменик началникот на округот биле заразени и биле во болница.

Јагшигелди Какаев, кој долги години го надгледуваше клучниот сектор на нафта и гас на Туркменистан и беше еден од ретките доверливи службеници што редовно ја претставуваа земјата во странство, наводно починал од пневмонија на 8 јули.

Турскиот дипломат Кемал Учкун кој почина во болницата во Ашкабат
Турскиот дипломат Кемал Учкун кој почина во болницата во Ашкабат

Турскиот дипломат Кемал Учкун почина во болницата во Ашкабат, официјално од срцево заболување, но во болницата бил лекуван од пневмонија и некои веруваат дека тој всушност починал од ковид-19.

Туркменистанскиот лидер ја прекрши забраната, го употреби зборот коронавирус

Има непотврдена информација дека и зетот на претседателот Гурбангули Бердимухамедов, Ананазар Реџепов, починал од пневмонија и дека неговата сопруга Дурдинабат е сериозно болна.

Властите дозволија посета на претставници на Светската здравствена организација но, како што велат некои, до местата каде што немало докази за коронавирус.

Фактот дека посетата беше одложена за повеќе од два месеца, бидејќи властите го одвлекоа процесот за издавање дозвола за мисијата, не го одвлече вниманието на оние што го следат Туркменистан, од кои многумина се прашуваат дали владата го користи времето за чистење на местата што тимот на СЗО би ги посетил.

Туркменистан вели дека нема коронавирус, но не сака СЗО да провери

На прес-конференцијата на 15 јули, шефицата на мисијата на СЗО, Кетрин Смолвуд, во своите забелешки наведува на „зголемени случаи на акутна респираторна болест или пневмонија од непозната причина“.

Кетрин Смолвуд од мисијата на СЗО за време на посетата на Туркменистан
Кетрин Смолвуд од мисијата на СЗО за време на посетата на Туркменистан

Раководителот на Одделот за надзор на опасни болести на Туркменистан, д-р Гурбангул Овлиагулова, кој исто така, зборуваше на брифингот негираше дека има пневмонија од непозната причина во Туркменистан.

Веќе има многу докази дека коронавирусот е во Туркменистан.

Зголемениот број на луѓе, вклучително и медицински персонал, кои се подготвени да зборуваат со странските медиуми под услов на анонимност, за чудниот и ненадеен број на заболувања во земјата, ја покажува фрустрацијата кај населението со тврдењата на владата дека таму нема здравствена криза.

Најмногу загрижувачко нешто во врска со повторените негирања на владата за постоењето на коронавирус во земјата е која е поентата да негирате?

СЗО: Не очекувајте вакцинација против ковид -19 пред 2021 година

Според worldometers.info, коронавирусот го има во 213 земји и територии ширум светот.

Не е ништо срамно да се признае дека вирусот е во некоја земја.

Речиси секоја земја го сторила тоа, вклучувајќи ги и сите соседи на Туркменистан.

претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов,
претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов,

Нема награда за тврдење дека немате коронавирус.

Но, има огромни загуби, главно за луѓето во земја во која владата не успеа да преземе соодветни мерки за да го спречи ширењето на вирусот и сега ги наоѓа своите медицински установи преоптоварени со пациенти и лошо подготвени да се справат со масовната здравствена криза.

Дописниците на РСЕ известуваат дека гласините за вирусот ги има насекаде, што поттикнува паника кај јавноста. И бидејќи владата негира дека има проблем, таа добива многу малку од надворешната финансиска и материјална помош која очајно и треба.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG