РСЕ: Кој е првиот совет што им го давате на вашите пациенти со карцином за време на пандемија?
Секерес: Еден од моите пациенти - јас лекувам леукемија - ми рече дека се чини дека сега целиот свет има леукемија и дека секој мора да биде претпазлив да не добие ковид-19. Мислам дека тој е апсолутно во право. Кога разговарам со моите пациенти, им давам многу совети што ги давав и досега. Секој со компромитиран имунолошки систем знае дека кога излегува треба да носи маска. Тој мора постојано да внимава на сè што допира, редовно да ги мие рацете после тоа или да користи средства за дезинфекција, тој мора да биде претпазлив кога станува збор за контакти. Советот што им го даваме на сите е ист како и советот што им го даваме на луѓето кои имаат карцином што го ослабна нивниот имунолошки систем.
Проблем во затворен простор
РСЕ: Имунолошкиот систем кај многу луѓе со карцином е кревок поради третманите што ги минуваат. Дали има дополнителни мерки што ги преземате?
Секерес: Сè што прочитав укажува на тоа дека иако моите пациенти не се поподложни на ковид-19 отколку што сум јас или вие. Ако се заразат со коронавирусот, тие веројатно имаат пет пати поголеми шанси да се разболат, па дури и да умрат отколку во мојот или вашиот случај или некој од истата возрасна група. Луѓето сè повеќе и повеќе ми се обраќаат затоа што стануваат вознемирени заради нивниот долг престој меѓу четири sидови, затоа што сакаат да излезат, да го видат своето семејство. Имам пациенти кои веќе четири месеци не ги виделе своите внуци, но ги советувам да продолжат да преземаат мерки на претпазливост.
Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?
РСЕ: Значи, болните од карцином се изложени на поголем ризик од вирусот?
Секерес: Тие не се со поголем ризик да бидат нападнати од вирусот, но тие се изложени на посериозен ризик од посериозно заболување ако бидат заразени. Особено пациенти чиј имунолошки систем е веќе ослабнат од рак и третман со рак, како што се моите пациенти кои имаат леукемија или пациенти кои имаат карцином на белите дробови, чие дишење е веќе компромитирано.
РСЕ: Дали сите пациенти со карцином се изложени на ризик или само оние кои се подложени на терапија?
Секерес: Мислам дека постои градација на ризикот. Имам пациенти кои имаат благи форми на карцином со кои живеат со години, чија крвна слика не се разликува многу од мојата и чиј имунитет не е позагрозен од мојот. Мислам дека таквите пациенти не се изложени на прекумерен ризик. Оние кои преживеале карцином, кои имале хемотерапија или радиотерапија месеци или години порано, исто така не се изложени на поголем ризик од нас. Сепак, пациентите кои се подложени на хемотерапија, оние со карцином на белите дробови кои го ослабнаа нивниот имунолошки систем, а особено оние кои се наоѓаат на средина на овие терапии, чиј имунолошки систем е на многу ниска точка - се изложени на голем ризик да бит сериозно болни ако се заразат со вирусот.
Што со хемотерапијата?
РСЕ: Ако некое лице имало хемотерапија или било озрачено во минатото, дали тоа го зголемува ризикот од заразување со ковид-19?
Секерес: Ако некој добил хемотерапија или поминал третман на зрачење, колку што знаеме денес - работите се менуваат од недела во недела - но, според она што го знаеме денес, такво лице не е изложено на зголемен ризик од заразување со вирусот.
Третман со Т-клетки, надеж за пациентите со ковид-19
РСЕ: Како луѓето со карцином се борат ако станат позитивни за вирусот на корона?
Секерес: За нив е страшно, мислам дека е страшно за сите нас. Некој кој е позитивно тестиран на коронавирусот, а исто така има и карцином, мора да продолжи да се лекува, бидејќи на крајот на краиштата, тој има медицинска дијагностика на карцином што е подеднакво или дури и позастрашувачки од вирусот. Ние мора да продолжиме да ги лекуваме пациентите со карцином. Значи, повеќето од нив продолжуваат со третманот затоа што треба, а ние преземаме дополнителни мерки на претпазливост за да ги заштитиме ваквите пациенти и луѓето кои се грижат за нив.
РСЕ: Некои од симптомите на коронавирус, како што се треска, кашлица се исто така симптоми на некои видови на карцином. Дали постои ризик од забуна околу симптомите и, следствено, терапијата е погрешна?
Секерес: Тоа е одлично прашање. Само што напишав книга кој штотуку излезе, насловена како „Кога крвта се распаѓа: Лекции за животот од леукемија“. Во неа, зборувам за симптомите на рак, особено леукемијата. Симптомите можат да бидат многу слични: тоа е кашлица, треска… и сега лекувам неколку пациенти кои ги имаат овие симптоми, кои избегнаа да одат на лекар од страв да бидат изложени на други лица со ковид-19. На крајот, тоа е на овие двајца пациенти им била дијагностицирана леукемија, но таа дијагноза дошла со задоцнување поради стравот од ковид-19.
За превенцијата
РСЕ: Значи, ваквите ситуации можат да ја одложат дијагнозата на други болести?
Секерес: Затоа, апсолутно, може да има забуна околу симптомите на ковид-19 и симптомите на леукемија. На пример, една пациентка одложи да побара лекарска помош, бидејќи се плашела дека ќе се зарази со коронавирусот. На крајот нејзините симптоми се влошија, па таа мораше да оди на интензивна нега, и таму претпоставуваа дека има ковид-19. Тие ја тестирале на ковид-19 и ја сместиле во специјален болнички оддел. Само по еден или два дена, некој забележал дека нејзината крвна слика е многу абнормална, а потоа и била дијагностицирана леукемија.Значи, ваквите симптоми можат да доведат до забуна не само кај пациентите, туку и кај лекарите, затоа што лекарите во ургентните центри секојдневно третираат многу пациенти и мислат дека е ковид-19, што е случај кај многумина, кога гледаат симптоми кои не се разликуваат кога станува збор за таа болест и леукемија.
Научниците не се сигурни дали можете двапати да се заразите со ковид-19
РСЕ: Може ли пациенти со карцином да утврдат дали имунолошкиот систем им е ослабен?
Секерес: Се разбира. Кога даваме хемотерапија или понекогаш радиотерапија, обично ја проверуваме крвната слика на пациентот за да видиме дали нивниот имунолошки одговор е мал. Мислам дека е исклучително добра идеја да го прашате вашиот лекар дали минувате низ овие третмани за да откриете дали имунитетниот систем е ослабнат заради нив и дали треба да преземете дополнителни мерки на претпазливост за да избегнете заразување со ковид-19. Доколку граѓаните редовно ги посетуваат своите општа лекари и рутински скенираат за карцином, односно одат на лекар кога ќе почувствуваат најмали симптоми, ќе имаме многу подобра шанса да ја третираме болеста во рана, наместо во подоцнежна фаза.
РСЕ: А, каде води таквата состојба?
Секерес: Загрижени сме од тоа што луѓето ја одложуваат дијагнозата за карцином и дека кога ќе се постави дијагнозата, карциномот ќе биде во напредна фаза, што потешко се лекува.
РСЕ: Повеќето деца, за среќа, се асимптоматски или имаат само поблаги форми на инфекција со коронавирус. Но, што е со оние деца кои имаат крвни нарушувања, вклучувајќи различни форми и други видови на рак?
Секерес: Рак кај деца е, фала му на Бога, всушност е многу редок, не се јавува скоро толку често колку кај возрасните. Секако, сме преокупирани со карциномот кај децата затоа што честопати гледаме постери и застрашувачки фотографии на деца кои ја губат косата по зрачење, а тоа влијае врз нас многу длабоко. Но, во реалноста, повеќето видови на карцином што го дијагностицираме кај возрасни се многу ретки кај деца. Децата може да бидат асимптоматски, но децата со карцином, чиј имунолошки систем е ослабен, се изложени на поголем ризик од ковид-19, исто како и возрасните.
РСЕ: Д-р Секерес, дали имате нешто да додадете?
Секерес: Мојата порака е дека живееме со овој вирус долго време и дека здравствените системи станаа многу поспособни да се борат против него и да ги лекуваат пациентите дури и среде пандемичен коронавирус. Значи, здравствените системи се безбедна адреса. Скринингот на карцином и одењето на лекар не треба да се одложува, бидејќи тоа е начин да се избегне доцно дијагностицирање на карцином и третман на таа болест, кога веќе е во доцната фаза.