СДСМ проласи победа - ВМРО-ДПМНЕ сака да прави влада
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е во благо водство пред коалицијата предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, соопшти ДИК. СДСМ вели дека победуваат со најмалку три пратеници разлика. Од ВМРО-ДПМНЕ велат тие се во трка за состав на нова влада.
ДИК: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места.
Неважечки 31.107 гласачки ливчиња
Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.