Голем одзив на гласањето во Битола
Пред повеќето избирачки места, во дворовите или ходниците, во Битола граѓаните чекаат во редици на дистанца за да го остварат своето гласачко право. Од повеќето избирачките одбори велат дека толку голем одзив во претпладневните часови не се памети во однос на претходните избори.
Во Куманово просечна, во Липково слаба излезност
Во Куманово, најголемата локална самоуправа во државава на десеттите парламентарни избори отворени се 149 избирачки места. Своето граѓанско право според избирачкиот список можат да го остварат 92 илјади и 300 полнолетни граѓани.
Во Тетово поголем одзив отколку на ланските избори
Претставниците на тетовската општинска изборна комисија соопштија дека излезноста до 9 часот изнесува 4,7 отсто, што претставува зголемување за еден процент во однос на 2019 година, кога имаше претседателски избори. Од таму потенцираат дека нема ниту еден проблем пријавен до ОИК Тетово од страна на избирачките одбори од 117 места.