Во тетовскиот регион 184.132 граѓани со право на глас
Во шесте општини на тетовскиот регион денес можност за гласање ќе имаат вкупно 184.132 граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.
Изборите во Охрид, Струга и Дебрца се одвиваат непречено
Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено и гласањето на 10-тите парламентарни избори се одвива непречено. На предвремените избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид вклучувајќи ги и нашите иселеници. Повеќе тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/30727230.html