Достапни линкови

Зоран Заев, Зијадин Села, Билал Касами, Христијан Мицскоски и Али Ахмети
Зоран Заев, Зијадин Села, Билал Касами, Христијан Мицскоски и Али Ахмети

Парламентарни избори 2020

Граѓаните на Северна Македонија избраа нов пратенички состав. Официјалните резултати треба да ги соопшти ДИК денеска..

  • ДИК, прелиминарни резултати: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден

  • Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека победиле со најмалку три пратеници разлика.
  • ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека влегува во трка за формирање нова влада.
  • Изборниот ден помина во најдобар ред со мали спорадични инциденти, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
  • Гласачките места беа затворени во 21 часот, излезноста на 15 минути пред затворањето на гласачките места беше 50,86 отсто.
20:35 15.7.2020

Само Тетово и Јегуновце со над 40 отсто одзив во тетовско

https://www.slobodnaevropa.mk/a/30728818.html

20:02 15.7.2020

Мониторинг на МОСТ: Фотографирано гласачко ливче

Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија.

19:57 15.7.2020

Одѕивот до 19 часот скоро 46 отсто

Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија
Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија

Одзивот на гласачите на предвремените парламентарни избори до 19 часот е 45,77 отсто, односно гласале 830.370 гласачи, соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани. Најголема излезност до 19 часот има во четвртата изборна единица, каде што гласале 53,24 отсто од регистрираните гласачи. Во третата на гласање излегле 51,52 отсто од гласачите, во првата гласале 47,4 отсто, во петтата 44,89 отсто, во втората 43,4 отсто и најмала излезност има во шестата изборна единица од 35,49 отсто. Ова се податоци од обработени 3463 од вкупно 3480 гласачки места.

Во неколку општини има излезност над 60 отсто, а во Центар Жупа под 20 отсто.

18:59 15.7.2020

МВР – Носеле маски со партиски симболи, сликале гласачки ливчиња...

Парламентарни избори 2020
Парламентарни избори 2020

На гласачко место во Аеродром претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи жена влегла на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакала да ја смени. Откако интервенирала полицијата, таа ја симнала маската, по што ѝ било дозволено да гласа. Но, потоа 37-годишната жена на висок тон се расправала со полицајците, не сакала да престане иако била опомената, па затоа била лишена од слобода.

Сликање на гласачки ливчиња имало во Дебар, Кичево и во Скопје.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG