МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите
Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11 до 12 часот биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Пријавите најчесто се за агитација, делење пари за гласање и за организирано носење луѓе на гласање. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат.
Во Битола нема „бугарски воз“, децидни во ОИК
Од Општинската изборна комисија во Битола се децидни дека во градот нема гласање наречено бугарски воз, по веста што беше објавена на некои медиуми.
целата вест тука:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/30727879.html
МОСТ: гласањето без неправилности, одзивот меѓу 20 и 34 насто
Податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, велат дека одзивот на гласачите до 14 часот се движи од 20,72 насто во 6-тата изборна единица, до 33,74 проценти во изборната единица број 3.
Избори под маски...
Во редици со маски за лице и дезинфекција граѓаните гласаат на предвремените парламентарни избори, условени од пандемијата со коронавирусот.