ДИК- одзивот до 13 часот е 24,61 насто
Според податоците на Државната изборна комисија на нејзината интернет страница, одзивот на гласачите на парламентарните избори до 13 часот изнесува 24,61 насто. Обработени се податоците од 3383 избирачки места, од вкупно 3480 на цела територија на државата.
Најголем одзив е забележан во изборната единица број 3 и изнесува 29,72 проценти, а најмалку гласачи излегле во 6-тата изборна единица- 16,54 насто.
Избирачки одбори во Битола имаат проблем со апликацијата за излезност
Триесетина избирачки одбори од општина Битола и уште неколку од Могила имаат проблеми со пополнувањето на апликацијата од која се регистрира излезноста на гласачите за даден период. Поопширно: https://www.slobodnaevropa.mk/a/30727711.html
Одзивот до 11 часот е 15 ипол проценти
Излезноста на гласачите до 11 часот, според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480, изнесува 15,51 насто. Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи. Целата вест, тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/30727683.html
Среќен изборен ден. Ве повикуваме сите да гласате и да се држите до здравствените протоколи. Останете безбедни и здрави!