Достапни линкови

Третман со Т-клетки, надеж за пациентите со ковид-19


научниците во трка со времето за ефикасен третман против ковид-19
научниците во трка со времето за ефикасен третман против ковид-19

Професорот по имунологија Ханс Густав Љунгрен е коавтор на студијата на шведскиот Институт Каролинска, која покажува дека луѓето со негативен тест на антитела на коронавирус, сепак може да имаат некаков имунитет. Во разговор со новинарката на Радио Слободна Европа Валона Тела тој вели дека многу пациенти развиваат силен одговор со Т-клетките независно од одговорот со антителата.

На прашањето како функционираат Т-клетките во споредба со антителата во човечкото тело професор Љунгрен вели:

“Т-клетките се бели крвни клетки и тие се специјализирани за препознавање на клетки заразени со вируси. Спротивно на тоа, антителата се специјализирани за препознавање на честички на вирусот во организмот. Вирусите треба да ја заразат клетката за да се реплицираат. И она што сега го прави Т-клетката е да ги убие оние клетки кои се заразени со вируси, во суштина, да се елиминира фабриката каде што се создаваат честички на вируси во организмот”.

Професорот по имунологија Ханс Густав Љунгрен од шведскиот Институт Каролинска
Професорот по имунологија Ханс Густав Љунгрен од шведскиот Институт Каролинска

Според професорот, секоја секунда во човечкото тело се генерираат милиони нови Т-клетки.

Тие имаат својство да препознаат сè што може да влезе во телото.

Во таков случај Т-клетките брзо почнуваат да се делат, така што се развиваат милиони од нив кои се борат против болеста.

Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?

“Општо знаеме кога станува збор за имунолошкиот одговор дека добрата диета, вежбањето, ноќното спиење имаат корисни ефекти врз вашиот имунолошки одговор. Знаеме дека гладта и лишувањето од сон имаат негативен ефект. Исто така, некои болести може да имаат негативен ефект - на пример, карциномот може да предизвика потиснување на имунолошкиот одговор, така што нема да бидете толку добри во одбраната од инфекции, вклучително и вируси”, вели професор Љунгрен.

потрагата по третман против ковид-19 продолжува
потрагата по третман против ковид-19 продолжува

Тој додава дека ако има доволно Т-клетки кои можат да се борат со вирусот, тоа значи дека нема да има вирусна репликација кај таа личност.

Дексаметазон може да ја намали смртноста од Ковид - 19

И затоа, како што вели, таа специфична индивидуа нема да може да го пренесе вирусот на други. Во врска со тоа колку трае таквиот имунитет тој вели:

“Што се однесува на ковид-19, ние секако не знаеме затоа што болеста е тука околу пет или шест месеци, барем во Европа. Она што е интересно е дека, кај некои пациенти овој одговор на антитела генерално не трае подолго од две до три години. Но, има и некои пациенти од 2003 година кога во Азија имаше епидемија и кои сè уште до денес имаат Т-клетки против тој вирус. Не знаеме дали тоа ќе биде случај сега, но тоа е индикација дека може да биде така”.

Примероци од крв донирани од оздравени пациенти со коронавирус
Примероци од крв донирани од оздравени пациенти со коронавирус

Професор Љунгрен вели дека единствена пречка е тоа што тестовите за Т-клетките се многу покомплицирани од оние за антителата.

“Тие бараат специјализирана лабораторија. Тие понекогаш бараат специјализирани мерки на претпазливост и прилично напредни технологии и методологии. Значи, во овој момент, не може да се изврши во нормални лаборатории, но се надеваме дека во иднина тоа ќе биде можно. Исто така треба да имате квалификувани научници за да можете да го сторите тоа”, наведува професорот по имунологија Ханс Густав Љунгрен од шведскиот Институт Каролинска во интервју за Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG