Достапни линкови

Македонските граници со ограничувања за соседните земји


Македонско - српски граничен премин Табановце во време на пандемија од ковид-19
Македонско - српски граничен премин Табановце во време на пандемија од ковид-19

Владата донесе одлука патниците од утре при влез во земјава од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора задолжително да достават негативен ПЦР тест на коронавирус не постар од 72 часа.

Граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора од утре при влез во државата ќе мора да достават ПЦР тест не постар од 72 часа, одлучи Владата на преглед на Комисијата за заразни болести. Препораката на Комисијата е донесена по разгледувањето на актуелната епидемиолошка состојба во земјите и согласно информациите добиени оттаму од медицинските власти.

На 26 јуни целосно се отворија сите гранични премини во државата со што македонските и странските државјани можат непречено да се движат без обврска за ПЦР тест и државен карантин. Сега за прв пат ќе се воведат ограничувања за одредени земји.

Министерот за здравство, Венко Филипче на последната прес-конференција ја најави можноста од воведување на одредени мерки за границите поради зголемената бројка на случаи на ковид-19 во соседството.

„Можно е да предложиме некои мерки, во случај да процениме дека ризикот од влегувањето на граѓаните на овие земји во нашата земја може да го загрози нашиот систем“, рече Филипче.

Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец не ја исклучува можноста и од уште построги мерки во зависност од тоа како ќе се одвива пандемијата на коронавирус.

„Може до дојде до затворање на границите. Но, ако ПЦР тестот кој не е постар е од 72 саати и е негативен тоа е доволно за да го прифатите лицето дека е негативно. Истото го правиме во болница, ако некого оперираме, правиме тест и тој не треба да биде постар од 72 саати за да ја извршиме операцијата“, додава тој.

Македонците туристички и без никакви ограничувања поради пандемијата со коронавирусот може да патуваат само во Србија, Косово и Албанија, како и во Турција.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG