Достапни линкови

Протест пред средното медицинско „Панче Караѓозов“


Протест пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ Скопје
Протест пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ Скопје

Изутрината неколку стотини ученици со родители протестираа пред скопското средно медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Тие се против квалификациските испити за прием, кои што беа закажани за денеска од 10 часот. Барањето им е наместо квалификациски испит, отворање на дополнителна паралелка за отсекот медицински сестри, за да може да бидат примени сите пријавени ученици.

Но сепак, со задоцнување, квалификацискиот тест се одржа. По протестот, учениците влегоа во училиштето за да полагаат.

Според конкурсот, планирани се три паралелки за вкупно 102 ученици. Денеска 166 ученици, сите со просек 5.00, кои се пријавиле за настава на албански јазик на смерот медицинска сестра треба да полагаат биологија и хемија.

Министерството за образование и наука во петокот соопшти дека ќе има квалификациско тестирање за прием во три средни училишта и во скопската гимназија „Орце Николов“. Викендов беше откажан приемниот за „Орце Николов“, бидејќи одлучија да отворат нова паралелка, со што ќе имаа 9 паралелки. Дел од родителите на протестот се повикуваа токму на новосоздадената паралелка во „Орце Николов“ и бараа исто та постапи и средно медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

XS
SM
MD
LG