Од драјв ин кина до концерти во двор, овие фотографии зборуваат како уметноста и верските традиции преовладуваа низ тешките ограничувања поради коронавирусот.
Културата во светот во време на ковид-19

5
Маскирани киргистански војници ги поздравуваат ветераните од Втората светска војна пред станбен блок во Бишкек за време на прославата на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија на 9 мај.

6
Грузиец носи маска што одговара на неговата традиционална кавкаска облека за време на верската службата на 16 април, додека верниците одржуваат физичко растојание.

7
Браќата уметници Никита и Егор Зигура на 13 април одржуваат аукција во живо од нивното студио во Киев. Тие собраа пари за главната детска болница во Украина.

8
Браќата Зигура со нивното уметничко дело „Отпечаток“. Делото се продаде за околу 500 долари. Победничката на интернет аукцијата изјави за Ројтерс: "Многу е кул кога украинските уметници се приклучуваат на ваквите иницијативи во вакви тешки времиња. И од таа причина решив да ги поддржам".