По скоро шест месеци и повеќе од 4 милиони заразени со ковид-19, сè уште малку знаеме за коронавирусот.
На пример кој, каде и колку тешко ќе биде погоден.
„Продолжуваме да добиваме пакети на изненадување“, вели Мetрџори Полак, епидемиолог од Њујорк и заменик уредник на Програмата за следење на појава на нови болести (ПроМЕД), систем за рано предупредување за нови болести и токсични изложености низ целиот свет.
Полак внимателно го следи смртоносниот пат на коронавирусот.
Впрочем таа му помогна на светот широко распространувајќи го предупредувањето за ситуацијата во Вухан на 30 декември. „Она што се појави е дека има толку многу непознати“, изјави таа за Радио Слободна Европа.
Што мислиме дека знаеме
Податоците досега упатуваат на некои типови луѓе кои се изложени на ризик од сериозни симптоми на заболување ковид-19.
Во овие групи спаѓаат стари лица, како и оние со сериозни здравствени состојби.
Жртвите од короната - во Европа над 80, во Македонија под 70 години
Од Американските центри за контрола и превенција на болести, ЦДЦ велат дека лица со ризик може да бидат оние кои страдаат од хипертензија или други крвни заболувања, хронични заболувања на белите дробови, дијабетес, дебелина, заболувања на црниот дроб или бубрезите или луѓе со компромитиран имунолошки систем.
Исто така далеку повеќе мажи од жени починале или доживеале сериозни реакции од ковид-19, потврдувајќи го трендот што се гледа во скоро секоја земја.
Сепак, научниците се претпазливи да дадат родова етикета, иако ги истражуваат можното однесување, имунолошкиот одговор или другите објаснувања во врска со ова прашање.
Возраста е нешто, но не е единственото
Општо земено, децата поминуваат многу подобро од возрасните во оваа пандемија.
Повеќе студии покажаа многу мала смртност кај заразените деца и постепено зголемување на стапката на смртност до 60-годишна возраст. По 60 години, ризикот од умирање се зголемува драматично.
Една од студиите, објавена во медицинскиот журнал „Лансет“, од десетици илјади случаи, сугерира дека стапката на смртност кај возрасни пациенти во нивните 30-ти е 0,15 проценти - или 15 од 10.000 заразени - споредено со 13,4 проценти - или околу 1.500 од 10,000 - кај пациенти од 80 години и постари.
Родителите на работа, бабите дома, кој ги чува децата?
Сепак, не е објаснет зголемениот број смртни случаи на тинејџери во Франција, Белгија и САД. Од друга страна кај скоро 100 деца во државата Њуујорк во изминатиов месец било забележано заболување поврзано со изложеноста на коронавирус што лекарите го опишуваат како болест Кавасаки - болест која предизвикува воспаление по целото тело - или токсичен синдром на шок.
Север и Југ
Повеќето од епидемиите откако коронавирусот најверојатно скокнал од животни врз луѓето кон крајот на минатата година беа во Северната хемисфера, и тоа во периодот зима-пролет.
Тоа е вообичаено за многуболести како обичната настинка - што може да биде предизвикана од четири од седумте коронавируси за кои се знае дека се шират преку пренесување од човек на човек – и грипот.
Може ли топлото време да го победи коронавирусот?
Но, иако постојат сезонски аспекти на ширењето на некои патогени, тие се слабо испитани и сè уште не можат да му се припишат на ковид-19. „Коронавирусите се почести при постудено време, но не сите“, вели Даниел Сингер, регионален директор на ЦДЦ за Централна Азија.
"Еден од коронавирусите го предизвикува Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС), а тој вирус потекнува од камили на Блискиот исток каде што е многу топло. Значи, не постои правило што ќе ни каже точно како ќе се однесува овој вирус".
Преполни квартови
Постојат значителни докази кои сугерираат дека помалите места за живеење може да бидат еден од најголемите фактори на ризик за инфекција со коронавирус.
„Една од работите, што се појави многу рано и тоа со избувнувањето во Вухан, беше дека се работи за внатре семеен пренос за потоа да експлодира во пошироката заедница“, вели Полак за Радио Слободна Европа, додавајќи:
„Вирусот повеќе живее во домаќинство, кај луѓе што живеат во ист стан. Мала куќа веднаш до друга мала куќа - голема густина на население“.
На светот му се заканува глад од библиски размери
Тоа ја зголемува стапката на инфекција и на други места каде што многу зависат од работната сила на мигрантите, како Русија, која е домаќин на голем број работници од Централна Азија, кои често живеат заедно на мали простори.
Големи семејства
Ваквото живеење што го отежнува физичкото растојание не е ограничено само на мигрантските заедници.
Тоа се покажа во Италија чија стапка на смртност е над 50 смртни случаи на 100,000 пациенти со ковид-19.
Олабавување на мерките за коронавирусот - прерано или пребавно?
Авторите на една демографска студија за ширењето и стапката на смртност на коронавирусот забележаа дека Италија е „карактеризирана со обемни меѓугенерациски контакти, поддржани од висок степен на станбена поврзаност помеѓу децата и родителите.
Дури и кога меѓугенерациските семејства не живеат заедно, секојдневните контакти се чести.
На другиот крај на спектарот по богатство, Авганистан, исто така, има голема зачестеност на проширени семејства кои живеат заедно.
Потврдената бројка за инфекции во Авганистан е изненадувачки ниска - под 5.000 во земја од околу 37 милиони, но исто така има најмалку тестирања за ковид-19 во светот со нешто над 18.000 тестови досега, или околу 465 тестови на милион луѓе.
Медицинска помош во близина
Се чини дека е добро да се има во близина медицинска помош за време на пандемија.
Но, авторите на една студијата предупредуваат на таканаречени „болнички пустини“ во Англија и Велс кои имаат „премалку ресурси за да се справат со бранот на критични случаи“.
Најновите бројки на ОЕЦД ја ставаат Русија меѓу светските лидери по болнички кревети, околу осум на 1.000 луѓе, иако е зад Јапонија со 13 и Јужна Кореја со 12 кревети на илјада луѓе.
Здравството стана опасна професија
Но, претходно оваа година, Руската ревизорска комора предупреди на недостаток на квалификувани лекари, наведувајќи дека инспекциите на повеќе од 100.000 медицински установи покажале отискоро една третина од нив немаат проточна вода, централно греење или канализација.
„Мислам дека најлошото место да се биде за време на пандемија е место кое нема медицински капацитет да се справи со сериозни случаи“, вели Полак.
Според неа, Северна Италија првично беше „совладана“, поради тоа што нејзините медицинските ресурси не можеа да се спротивстават на „напливот“ на ковид-19.
Помалку среќни области, како што додава, се два тешко погодени амазонски градови во Бразил и Перу и тие наскоро може да забележат појава на епидемии, како што се соочи Италија која станаа првиот голем епицентар надвор од Кина.
„Разликата е: Италија на крајот можеше да ги добие потребните ресурси“, забележува Полак.
Доверба во владата
Авторите на тековната глобална студија за „Мерење на однесувањето и довербата во светот во време на ковид-19“ не наведуваат никаква поврзаност помеѓу довербата и сериозноста на пандемијата во земјите што ги проучувале.
"Наместо тоа, тие тврдат дека „недостигот на доверба во владата е поврзан со влошеното ментално здравје“, вели еден од авторите Џон Јачимович за Радио Слободна Европа.
Но, исто така е точно дека испитаниците на нивната студија во некои од најтешко погодените земји во светот ги сметале своите влади како „неискрени“.
Резултатите на анкетата спроведена кај 85.000 испитаници од 51 земја ги сместија Венецуела, Русија, Соединетите држави и Белорусија меѓу 10-те земји кои се најмалку „фактички искрени ... за коронавирусот“.
Соединетите држави, Шпанија и Русија водат во светот по заразени со ковид-19. САД имаат 1,4 милиони случаи, Шпанија 270.000, а Русија 242.000.
Пандемични избори: Како и кога да се одржат?
Официјалните бројки во Венецуела се ниски, но се сметаат за „чудни“, заедно со ефективноста на нејзината стратегија за тестирање.
Белорускиот претседател Алиаксандр Лукашенко постојано ја отфрла сериозноста на пандемијата – но официјалните случаи се искачија на скоро 25,000и ја ставија Белорусија во најлошите 25 стапки на инфекција со коронавирус по глава на жител.
Од друга страна, жителите на Сингапур, Данска и Летонија сметаат дека владите им се искрени во врска со пандемијата. Сите навремено презеле ефективни, но различни стратегии за спречување на ширењето на коронавирусот.
Работни услови
Многу студии посочија на условите за работа како можни фактори во ризикот со ковид-19, како што се патувањата, тешките работни места и усогласеноста на работодавачот со најдобрите практики или специјалните анти-пандемски мерки.
Во Калифорнија, едно тестирање покажа дека 90 насто од оние кои имале позитивен тест рекле дека не можат да работат од дома.
Бројките од Англија и Велс неодамна посочуваат дека мажите на неквалификувани работни места страдаат двојно повеќе од другите работноспособни граѓани.
Ковид-19 - како светот се справува со зголемената невработеност?
Сепак, Меѓународната организација на трудот се спротивставува на избирање специфични сектори кои се особено изложени на ризик. Наместо тоа, Шенгли Ниу од Меѓународната организација на трудот ја истакнува соработката меѓу работодавците и локалните здравствени власти.
„За да се заштитат работниците од заразување и пренесување на вирусот, на работното место треба да бидат спроведени одредени мерки ... треба да имате политика и програма“, вели тој.