Фотографот Амос Чапл сними детали од покривите на чешкиот главен град Прага. Со векови, овие скулптури „гледаат“ како се менува животот во градот.
Креатури на покривите на Прага

9
Пожарникар како спасува жена од златен пламен на покривот на зграда во стариот дел на Прага. Оваа епска скулптура е една од последните дела на чешкиот скулптор Бохуслав Шнирх пред неговата смрт во 1901 година.

10
Фигури на покривот на Националниот музеј, исто така дело на Бохуслав Шнирх. Тие, наводно, претставуваат различни региони од поранешна Чехословачка.

11
Осамени машки ликови со исукани ножеви на фасадата на Адрија Палас.

12
Споменик на титанот Атлас кој ја држи „небесната сфера“ над Климентинум, стар комплекс згради во кои се наоѓа метеоролошка станица што е во употреба од 1775 година. Статуата на Атласот ја направи Матијас Бернард Браун (1684-1738), кој исто така направи неколку скулптури на Карлов мост во Прага.