Стотици милиони муслимани низ целиот свет го започнаа светиот месец Рамазан под строги ограничувања за да се спречи ширењето на коронавирусот. Некои земји ги повикуваат своите граѓани да не постат за да можат да останат здрави и покрај пандемијата.
Рамазан среде пандемија

5
Главната џамија во Мадрид беше празна во пресрет на Рамазан на 23 април поради коронавирусот.

6
Волонтери дезинфицираат џамија пред муслиманскиот пост месец Рамазан во Пешавар, Пакистан, на 24 април.

7
Мулана Абдул Кабеер Азад, член на пакистанската комисија за Рамазан, гледа на телескоп за да го сигнализира почетокот на месецот на муслиманскиот пост во Карачи на 23 април.

8
Налепници поставени на подот на џамијата во Карачи, Пакистан, кои означуваат места за физичко растојание пред светиот месец Рамазан на 23 април.