Достапни линкови

WhatsApp со строги мерки за пораките поради ширење лажни вести


WhatsApp воведува строга мерка за проследување пораки со цел да го забави ширењето на лажни вести, соопшти компанијата. Според соопштението, отсега, корисниците на WhatsApp ќе може да ја проследат пораката само до еден пријател, за да се ограничи протокот на веста.

„Знаеме дека корисниците пренесуваат и корисни податоци, смешни видеоснимки, размислувања коишто им се важни. Сепак, забележавме и значаен пораст и на споделувањето лажни вести. Веруваме дека е важно да се забави ширењето на овие пораки за да се одржи место за личен разговор”, соопштија од компанијата.

Во минатото имаше случаи кога WhatsApp беше критикувана како алатка за поттикнување лажни вести. Пред две години, во Индија лажна вест за киднапирање деца предизвика побуна и линч. Во Велика Британија пак, беа уништени неколку 5-Г антени и приемници, поради ширењето теории на заговор околу поврзаноста на корона вирусот и 5-Г мрежата.

XS
SM
MD
LG