Достапни линкови

Заострување на конфликтот во Сирија, НАТО застана зад Турција


Сирија, провинцијата Идлиб, 27 февруари
Сирија, провинцијата Идлиб, 27 февруари

НАТО, ОН и останатите сојузници на Турција повикаа сириските воени сили и нивните руски поддржувачи да се повлечат и да спречат понатамошно продлабочување на хуманитарната криза.

Најмалку 33 турски војници се убиени во воздушен напад во Сирија од страна на сириските сили поддржани од Русија, тврди Турција.

Рахми Доган, гувернер на провинцијата Хатај, која се граничи со Сирија, изјави дека 32 припадници на војската, кои се повредени во нападите во Идлиб, се во болница.

Како одговор на нападите, позициите на сириската влада „ќе продолжат да бидат напаѓани од воздух и од земја“, изјави шефот за комуникации на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Фахретин Алтун.

Сириската влада не го коментираше нападот во Идлиб, место кое сириските воени сили поддржани од Русија се обидуваат да го преземат од бунтовниците. Рускиот министер за одбрана пак вели дека турските воени сили, кои се нападнати од сириските трупи, биле меѓу „терористите“.

Црноморската флота на Русија наведува дека испратила два воени брода, опремени со ракети, кон брегот на Сирија.

Со реакција за нападот се јавија и Соединетите Американски Држави наведувајќи дека „го поддржуваат својот НАТО партнер Турција“ и бараат Сирија и Русија да ги прекинат нивните напади во Идлиб.

„Бараме начини како најдобро да ја поддржиме Турција во оваа криза“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Турската новинска агенција Анадолија наведува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по нападот имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Столтенберг ги осудил нападите на сирискиот режим и неговите руски поддржувачи и ги повикал да ги запрат нападите, да го почитуваат меѓународното право и да ги поддржат напорите на Обединетите Нации за постигнување на договор за мир, вели порпаролот на Алијансата.

„Ги повикувам сите страни да ја деескалираат оваа опасна ситуација и да избегнат понатамошно влошување на и онака ужасната хуманитарна состојба во која се наоѓа тој регон“, рекол Столтенберг.

Северноатланскиот совет треба да се состане денеска на барање на Турција. На состанокот треба да се разгледува моменталната состојба, пишува на Твитер, Столтенберг.

Чавушоглу наведува дека и покрај предупредувањата издадени по првите напади, тие продолжуваат, јавува агенцијата Анадолија.

Од кабинетот на Ердоган исто преку Твитер ја повикаа меѓународната заедница да делува и да ги заштити цивилите како и да воведе забрана за прелетување преку Идлиб.

Обединетите Нации со осуда, Рускиот амбасадор воздржан

Нападот го осуди и претставниокот на Франција во Обединетите нации наведувајќи:

„Најостро ги осудуваме интензивните бомбардирања од страна на сирискиот режим и неговите сојузници, особено Русија“. Тој додава дека нападите предизвикале хуманитарна криза во болниците, училиштата и во багалските кампови.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензиа ги отфрли извештаите за хуманитарна криза во Идлиб, велејќи дека „само долгорочно решение на конфликтот во Сирија може да ги протера терористите од земјата“.

Од овие напади Турција треба да сфати кој е нејзиниот партнер, а кој не е, рече амбасадорката на САД во ОН, Кеј Бејли Хачисон.

„Се надевам дека претседателот Ердоган ќе види дека ние сме му сојузници и во минатото и за во иднина“, изјави таа додавајќи дека Анкара мора да ја откаже набавката на софистицираниот S-400 заштитен ракетен систем од Русија.

Грција пак ја зајакнува својата граница со Турција, и морската и копнената, по развојот на настаните во сирискиот регион Идлиб, јавува грчката влада.

Камп во Идлиб
Камп во Идлиб

Турски официјален претставник изјави дека повеќе нема да ги задржува сириските бегалци кои се обидуваат да дојдат во Европа, како одговор на Анкара на нападот.

Турција испрати илјадници трупи и тешко наоружување во северозападната првинција во Сирија како поддршка на бунтовниците кои се обудуваат да ги запрат нападите од сириската влада и руските воздушни воени сили чија цел е враќање на бунтовничкото упориште. Овие борби ја подигнаа загриженоста на НАТО членките дека Турција може да дојде во директен судир со руските сили во Сирија.

Русија, заедно со Иран обезбедија клучна политичка, воена и финанасика поддршка за сирскиот претседател Бараш Ал Асад во времето на граѓанската војна во Сирија.

Повеќе од 400 илјади луѓе загинаа, а милиони ги напуштија своите домои од почетокот на конфлктот кој започна како антивладини протести во март 2011 година.

САД и Турција поддржаа различни бунтовнички групи, додека екстремистите поврзани со Ал-Каеда и Исламска држава исто така влегоа во конфликтот, иако тие главно се протерани од нивните упоришта.

XS
SM
MD
LG