Достапни линкови

Коронaвирусот го затвора светот


Што значи прогласената глобална опасност од корoнавирусот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Што значи прогласената глобална опасност од корнавирусот?

Прогласената глобална опасност од коранавирусот има за цел да го спречи ширењето на смртоносната зараза. Од друга страна тоа може да доведе до понервозни пазари и интензивирани рестриктивни мерки не само во трговските врски меѓу земјите.

Ширењето на коронавирусот во светот доведе до тоа Светската здравствена организација да прогласи глобална опасност.

Генералниот директор Тедрос Адханом Гебрејесус рече дека тоа е направено поради меѓународна загриженост не од тоа што се случува во Кина, „туку од она што се случува во другите земји“, додавајќи дека најголемата загриженост на СЗО е „можноста вирусот да се шири во земји со послаби здравствени системи и кои не се подготвени да се справат со тоа“.

„Ова е време за факти, а не за страв. Ова е време за наука, а не за гласини. Ова е време за солидарност, а не за стигма“.

Мерката која се разгледува на секои три месеци, и овозможува на СЗО да издаде глобални препораки што се очекува да ги следи меѓународната заедница.

Владите, компаниите и луѓето ширум светот веќе ги зголемија напорите против болеста, за која се верува дека излезе од пазарот на животни во централниот кинески град Вухан.

Генералниот директор изјави дека СЗО „не препорачува и всушност се спротивставува на какви било ограничувања за патувања и трговија или други мерки против Кина“.

Сепак, многу земји веќе ги повикаа своите граѓани да не ја посетуваат Кина, додека некои го забранија влезот на патниците од Вухан.

Прогласувањето на глобална опасност обично значи повеќе пари и ресурси во борбата против вирусот, но исто така може да ја поттикне нервозата кај владите да ги ограничат патувањата и трговијата со погодените земји.

Во соопштението на одборот за итни прашања на Светската здравствена организација се објаснува дека рестрикциите на движењето на луѓе и производи за време на вонредната здравствена ситуација можат да бидат неефикасни, да ја нарушат распределбата на помошта и да имаат негативни ефекти врз стопанствата на погодените земји.

СЗО со прогласувањето на глобалната опасност има право да бара од одредена земја одговори дали планира да воведе рестрикции на патувањата.

Во минатата недела СЗО процени дека е премногу рано за да се прогласи вонредна состојба, но појавата на случаи со пренесување на инфекцијата меѓу луѓето придонесе тоа да го направи вчера.

Повеќе од 7.700 луѓе се заразени со вирусот - скоро сите во Кина – од кои 170 починаа.

СЗО соопшти дека исто така има потврдено 82 случаи во 18 други земји, вклучително и случаи на пренесување на вирусот во Германија, Јапонија, САД и Виетнам.

СЗО откако ова релевантна меѓународна мерки стапи во сила во 2007 година пет пати има прогласено глобална опасност: за свински грип, детска парализа, Зика и двапати за појава на еболата во Африка.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG