Анонимни одговори на прашањето „Зошто не пријавив“ залепени низ Скопје е нова герила акција на феминистичката платформа „Медуза“. Целта е да се нагласат причините поради кои најчесто жртвите не се осмелуваат да пријават насилство.
Со оваа акција тие се приклучија на актуелната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која трае до 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Фокусот на годинашната кампањата е сексуалното вонемирување, насилството и силувањето, под слоганот „Generation equality stands against rape!”.