Достапни линкови

Јоханис, против корупцијата до втор мандат


Кој е Јоханис, старо новиот претседател на Романија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Кој е Јоханис, старо новиот претседател на Романија?

Актуелниот претседател Клаус Јоханис, според првичните резултати, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија. Неговата победа, велат посматрачите, е потврда на проевропската траекторија на оваа членка на ЕУ.

Триесет години по падот на комунизмот, централно-десничарскиот кандидат Клаус Јоханис освои меѓу 64 и 66 проценти од гласовите, покажуваат првичните резултати.

Со тоа тој ја победи кандидатката на социјалдемократите и екс премиерка Вијорка Данчила.

Таа доби околу 36 проценти, што е најлош резултат за социјалдемократите кои доминираат во романската политика од падот на комунизмот во 1989 година.

„Романија победи. Модерна Романија, европска Романија и нормална Романија. Романците беа херои денеска“.

60-годишниот Јоханис веќе има една победа над социјалдемократите во 2014 година, кога застана зад напорите за градење на функционални институции без корупција.

„Денешната победа е важна. Ова е најважна победа досега против Социјалдемократската партија“.

Изборите се одржаа во момент на длабока огорченост поради контроверзните судски реформи во корист на владејачките политичари што доведе до масовни улични протести.

Опишувајќи се како „пожарникар кој госпречи пропаѓањете на Романија“ поранешниот професор по физика, познат како „Германец“ заради неговото потекло, ги искористи ограничените овластувања на неговата функција за да ги поддржи демонстрантите против корупцијата и да ги зајакне врските со Соединетите држави.

Над 18 милиони Романци имаа право да гласаат, вклучувајќи рекордни 650.000 гласачи во странство.

Повеќето од големата дијаспора од четири милиони кои емигрираа во потрага по подобра плата имаат тенденција да ги поддржуваат либералните кандидати.

„Ви ветувам тука, денес, дека ќе бидам претседател на сите Романци, на оние кои гласаа за мене и на кои сум им благодарен, но и на оние што не гласаа за мене“.

Јоханис е познат како сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп и веќе двапати ја посети Белата куќа, добивајќи пофалби како некој кој „може да го реши проблемот со корупцијата во Романија“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG