Достапни линкови

Македонскиот симбол – шарпланинецот


Шарпланинецот, величествена раса
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:43 0:00

Шарпланинецот, величествена раса

Рускиот претседател Владимир Путин со восхит годинава во Белград прими привлечно кученце шарпланинец. Љубовта на Путин спрема големото бушаво куче го заживеа интересот за оваа стара раса. Потекнува од планините во Северна Македонија, и таму не само што е миленик, туку и најдобар пријател на овчарите. Репортажа на Асошиетед прес.

Лојален, трудољубив и во потрага по опасност - ова величествено куче го штити своето стадо. На Шар Планина во северозападниот дел на Северна Македонија, кучињата шарпланинец се во нивниот елемент.

Фадил Дехари вели дека овие кучиња се гордост на Северна Македонија.

„Тие нема да дозволат ниту еден волк или мечка да се приближи до овците. Во никој случај“.

Пасиштата каде што 41-годишниот Дехари се грижи за стадото овци лежат околу селото Вејце на надморска височина од 1.700 метри.

Дехари работи заедно со девет шарпланинци, предводени од Шапи - агилен три и пол годишник за кој вели дека е негов миленик.

Одгледувачите велат дека кучињата шарпланинец во ваква околина се во нивниот елемент, каде што се истакнуваат нивните силни заштитни инстинкти.

Но, ова куче исто така е и популарно милениче.

Одгледувачите велат дека сепак од витално значење е овие кучиња да минуваат време на планина, за да не бидат изгубени нивните овчарски инстинкти.

Нацко Савовски одгледува стотици кучиња во центарот за размножување во близина на градот.

„Досега во нашата фарма за одгледување одгледавме над 800 млади кучиња и оваа благородна раса што ја враќаме во природата“, вели тој.

Кучињата шарпланинец се одгледуваат во Северна Македонија, Албанија и Косово, а според некои извештаи тие се присутни во регионот уште од десеттиот век пред нашата ера.

Се смета дека оваа раса потекнува од Азија и оти била донесена на Балканот за време на античките масовни миграции.

„Треба да биде висок над 70 см, обликот на телото треба да биде правоаголен, должината треба да биде 10 проценти подолга од висината, влакното да е густо и остро. Сите бои му се дозволени од бела до темно сива. И, тоа е куче кое нема потреба од обука за да го послужи она што е наменето - да ги заштити овците стада од предатори “, објаснува Савовски.

Шарпланинецот за прв пат беше регистриран како раса од Меѓународната кинолошка федерација во 1939 година под името „Илириско овчарско куче“.

Во 1957 година, по петиција од одгледувачи во поранешна Југославија, името беше ажурирано во „Југословенско овчарско куче Шарпланина“.

Савовски вели дека е направен и проект за изолација на ДНК, докажувајќи дека расата се стабилизира со години и години, со исти карактеристики и темперамент:

„Гледајќи каков вид на благородна работа се прави, во 1998 година фондацијата Хенри Форд ни додели награда за зачувување на природните реткости“.

И не само Фондацијата Хенри Форд ја призна важноста на работата на Савовски. Неговите кучиња се признати и од поштенскиот систем во земјата.

„Во 1999 година беше објавена поштенска марка на која се прикажува шарпланинец и многу ми е драго што ова куче потекнува од нашето одгледување“.

Во јануари српскиот претседател Александар Вучиќ му подари на рускиот претседател Владимир Путин кученце од расата шарпланинец. Не е прв пат на Путин да му се подарува кученце и неговата љубов кон кучињата е добро позната.

Од распадот на поранешна Југославија, кучето Шарпланинец стана еден од симболите на Северна Македонија.

„Расата шарпланинец има такво значење, што од осамостојувањето на нашата земја е ставена на основната монета за денар“, вели Савовски.

XS
SM
MD
LG