Достапни линкови

 
Над милион македонски граѓани се на Фејсбук, пола милион на Инстаграм

Над милион македонски граѓани се на Фејсбук, пола милион на Инстаграм


Според специјализираниот сајт Statista.com, во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи

Од регистрираните 1,58 милиони корисници на интернет во Македонија, две третини се активни на некоја од социјалните мрежи - најмногу на Фејсбук и на Инстраграм, покажуваат податоците на специјализираниот сајт Statista.com.

Според истиот извор, во државава има 1,1 милион корисници на социјалната мрежа Фејсбук, за сто илјади повеќе во однос на минатата година, а 540 илјади лица се регистрирани на Инстаграм.

Во светот има 4,1 милијарда интернет корисници, а 3,2 милијарди од нив користат социјални мрежи.

Предничи Фејсбук со 2,37 милијарди корисници, по што следат Јутјуб со две милијарди, ФБ месинџер со 1,3 милијарди, Инстаграм со милијарда и Твитер со 330 милиони корисници.

XS
SM
MD
LG