Достапни линкови

Средношколци освоија две бронзи на Олимпијада по хемија


Матурантите Стефан Стојковиќ од „Раде Јовчевски – Корчагин“ и Стефан Дамчевски од „Јахја Ќемал“ - Струга освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија, IChO (International Chemistry Olympiad).

„Како што појаснуваат од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, постојат голем број меѓународни натпревари од областа на хемијата, но само IChO влегува во групата на 12-те сеопшто признати меѓународни научни олимпијади, односно натпревари на знаење, не на проекти. Исто така, Меѓународната олимпијада по хемија е класифицирана во 13-те признати олимпијади од страна на Министерството за образование и наука“, соопштија од Фондот за иновации и технолошки развој, кој го поддржа македонскиот тим.

Оваа година, на 51-та Меѓународна олимпијада по хемија учествуваа 309 ученици од 80 држави од целиот свет, како и 160 ментори, 109 набљудувачи и гости и 273 члена од организацијата.

Останатите во македонскиот тим се Руфија Идризовска, матурант од „Јахја Ќемал“- Гостивар и Александар Трајковски, кој има завршено трета година во „Крсте П. Мисирков“ - Демир Хисар.

XS
SM
MD
LG