Достапни линкови

Путин, дваесет години моќ или мисија?


Претседателот на Русија Владимир Путин беше назначен за премиер на 9 август 1999 година и оттогаш е на власт, или како претседател или како премиер. Приврзаниците го фалат како личност која ја врати националната гордост и ја прошири глобалната моќ на Москва со интервенциите во Сирија и Украина. Критичарите го обвинуваат дека води корумпиран авторитарен систем и оти нелегално го анектирал украинскиот полуостров Крим во 2014 година, потег што меѓународно ја изолира Русија.

Пред дваесет години тогашниот руски претседател Борис Елцин го назначи својот четврти премиер за помалку од 18 месеци:

Владимир Путин, релативно непознат началник на безбедносните служби со слабо искуство во политиката.

Путиновите „први“ 20 години на власт
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Малкумина можеа да предвидат дека две децении подоцна Путин сè уште ќе владее во Русија, преземајќи доминантна улога и во светските работи.

Но, годишнината доаѓа во време на неизвесност за лидерот.

Рејтинзите на Путин остануваат на ниво на кое му завидуваат повеќето западни лидери, но тие се најдоа под удар на слабата економија и намалувањето на животниот стандард.

Во меѓувреме, на најновите протести во Москва се забележани илјадници уапсени, што е најголемо справување со демонстрантите од протестите против Путин кога се врати во Кремљ во 2012 година, откако беше премиер.

На 66-годишниот Путин, ова му е последен мандат според рускиот устав, но - откако ја задуши конкуренцијата и ја презеде контролата врз повеќето медиуми - нема некоја личност која би го заменил.

Аналитичарите велат дека е малку веројатно Путин да се откаже од власта кога ќе заврши неговиот тековен мандат во 2024 година.

Путин либерал

Сликата беше многу различна кога Путин победи на неговите први претседателски избори по раната оставка на Елцин за новогодишната ноќ во 2000 година.

Политичкиот аналитичар Константин Калачев вели дека Путин започнал како либерал кој е подготвен да работи со Западот.

„По Портокаловата револуција во Украина, за која Кремљ сметаше дека е поддржана од странските влади, ставот на Путин се смени, вели Калачев додавајќи:

„Рејтингот на Путин сега е целосно различен од оној што го имаше претходно. Порано тоа беше вистинско обожавање, а не само поддршка. Денес, тоа е рејтинг на популарност заснован врз отсуство на алтернатива“.

Голем дел од јавноста го гледа како човек што го врати достоинството на Русија по понижувачкиот колапс на СССР и како гаранција за стабилност по промените во 90-тите години.

Историска мисија

Сега Путин и неговиот тим бараат начин што ќе им овозможи да го задржат своето влијание, велат експертите не исклучувајќи ја можноста тоа да биде преку создавање нова институција, нешто како колективно тело кој ќе води Путин, кој сега имал поинаква цел:

„Тој сака да биде запишан во руските учебници како голем човек, сличен на Петар Велики или Катерина Втора“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG