Наведувајќи дека Турција отсекогаш ја поддржувала и оти ќе продолжи да ја поддржува интеграцијата на Балканот во евроатлантските организации претседателот Ердоган ги спомна и последните потези на Европската унија во врска со датумот за преговори со Северна Македонија и Албанија.
„Неодамна видовме дека некои кратковидни популистички кругови ја блокираа политиката на проширување на ЕУ. Негативните трендови кон ширењето и ширењето на дискриминацијата низ целиот континент го загрозуваат не само внатрешниот мир во Европа, туку и нејзината иднина и надежта во регионот“.
Претседателот Ердоган притоа потенцира дека е од големо значење за регионот ќе има тоа какви одлуки ќе донесе Брисел конкретно за Северна Македонија и Албанија:
„Одлуките што ќе ги донесе Европската унија во врска со разговорите за пристап со Северна Македонија и Албанија ќе влијаат врз иднината на целиот регион. Унијата, спроведувајќи ги овие процеси на начин кој е во спротивност на нејзините заложби ќе им наштети на мирот и безбедноста во регионот и на сопствениот кредибилитет“.
Ердоганнаведувајќи дека неговата земја направила „непроценлив“ придонес за безбедноста на Европа, оцени дека Европската унија недоволно помогнала во преземањето на мигрантскиот товар.
Тој потенцира дека Турција е домаќин на на д 3 ипол милиони сириски бегалци и оти мерките преземени од Анкара го намалија протокот на миграција низ Егејското Море во Европа за 99 насто.