Достапни линкови

Од младите 97,5 отсто лани користеле интернет


„Во Република Северна Македонија 79,2 % од популацијата на возраст 15-74 години користеле интернет или околу 1,3 милиони жители во 2018 година. Од тоа машките повеќе (80,9%) од женските (77,4%). 97,5 од младите на возраст 15-24 години користеле интернет, а најмалку употребувале интернет во старосната група 55-74 години (46,7%) во изминатите 12 месеци“, стои во извештајот на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија за состојбата со е-трговијата во 2018 година.

Според истражувањето, Македонците на интернет најмногу пристапувале на социјаланта мрежа Фесјбук и тоа 82 проценти од интернет корисниците во 2018 година, но помалку од мината година (84 отсто).

„Се забележува намалување и во употребата на интернет за телефонирање прку интернет, праќање/примање е-меилови, како и барање информации за здравјето. Она што е особено важно е дека се зголемува учеството на користење интернет за барање информации за производи и услуги, за интернет банкарство, какo и за продажба на производи на интернет“, заклучуваат од Асоцијацијата.

Социјалните мрежи повеќе ги користат мажите со 85 проценти, а помалку жените со 79 отсто. Минатата година, повеќе онлајн купување направиле жените од мажите, а истото важи и за 2017 година.

„Оваа година 31.6% од интернет корисници нарачале/купиле нешто онлајн, во споредба со 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%“, се вели во извештајот, каде стои и дека имало 406 илјади онлајн купувачи.

XS
SM
MD
LG