Отворена изложба на хербариуми, фаунариуми и аквариум со примероци од повеќе градови во Градскиот парк во Скопје. Изложбата е во организација на Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!”.
Целта е да се покаже како човекот влијае врз биодиверзитетот и да се евидентираат растенијата и животните присутни во градската средина, кои видови имаат зголемена или намалена бројност, а кои видови исчезнале со текот на времето. Исто така и да се зајакне свеста за значењето на урбаното зеленило со цел да се спречи бетонската инвазија и намалувањето на зелените површини во градовите, особено во Скопје.