Достапни линкови

Претседателски избори - прв круг

Граѓаните денеска гласаа на шестите претседателски избори од независноста на земјата. Во трката се тројца кандидати за функцијата - Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.

  • - Заврши гласањето на претседателските избори.
  • - Одзивот до 18:30 часот е 39,71%, а гласањето се одвива без проблеми.
  • - Сите гласачки места беа отворени во 7 часот, освен едно во Студеничани.
  • - Право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3480 избирачки места.
  • - За победа во првиот круг на еден од кандидатите му е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.
  • - Доколку никој не ги освои потребните гласови денеска, вториот круг гласање е закажан на 5 мај.
11:25 21.4.2019

Прес на МОСТ во 11 часот: Не е отворено едно гласачко место во Студеничани, одзивот до 10 часот 6,6%

11:28 21.4.2019

Серејн Мауборн, специјалниот координатор на ОБСЕ
Серејн Мауборн, специјалниот координатор на ОБСЕ

Мауборн: Гласањето до сега без проблеми

Серејн Мауборн, специјалниот координатор на ОБСЕ, денеска информираше дека тие го следат изборниот процес со 250 набљудувачи распоредени низ целата земја и дека, според нив, процесот до сега се одвива без проблеми.

11:50 21.4.2019

"има да се знае кој гинел за држававава"

12:26 21.4.2019

Го фотографирал ливчето, го привела полиција

Едно лице е приведено бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдиле од МВР за МИА.
Инцидентот се случил на гласачко место во градинката „Срничка“ во Општина Аеродром.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG