Достапни линкови

Претседателски кандидат и украински олигарх


Врската меѓу Зеленски и олигархот Коломојски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Врската меѓу Зеленски и олигархот Коломојски

Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски води кампања како аутсајдер кој ќе ја исчисти политиката, но тој е поддржан од еден од најбогатите луѓе во земјата.

Украинскиот актер Володимир Зеленски постигна слава играјќи претседател во телевизиско шоу, кое се емитува на канал во сопственост на човек кој ја поддржува неговата вистинска претседателска кампања.

Милијардерот Ихор Коломојски му дава обезбедување, адвокати и возила на Зеленски.

Неговиот телохранител го придружува Зеленски за време на кампањата.

Автомобилот што Зеленски го користи е сопственост на една од компаниите на Коломојски.

И адвокатот на Коломојски сега работи за кампањата на Зеленски.

Кога резултатите од првиот круг на изборите станаа јасни на 31 март, претседателот Петро Порошенко не ги штедеше критиките.

„Судбината ми предодреди да ме стави заедно со куклата на Коломојски во вториот круг од изборите. Не се срамам да го кажам ова“.

Коломојски му е непријател на Порошенко - и еден од најбогатите луѓе во Украина, со фирми во секторот за метали, нафта и медиуми.

Тој ја формира „ПриватБанк“ во 1990-тите, која брзо стана една од најголемите финансиски институции во Украина.

Но, во 2016 година владата на Порошенко ја презеде контролата врз „ПриватБанк“, тврдејќи дека биле проневерени милијарди долари.

Коломојски негира каква било злоупотреба.

Коломојски накратко имаше јавна функција, како гувернер на неговиот регион Дњепропетровск во 2014 година.

Тоа беше кратко време откако со масовни протести беше соборен прорускиотпретседател на Украина Виктор Јанукович.

„Одиме кон Европа. Ги сакаме сите реформи што и се потребни на земјата. Со овие реформи мораме да ја направиме земјата законодавно и административно како европските земји“.

По неколку месеци, тој помагаше во финансирањето на волонтерските единици за борба против сепаратистите поддржани од Русија, кои ја презедоа контролата во околните региони на источна Украина.

Тој помагаше во спречувањето на нивното напредување во неговиот регион, но критичарите посочија дека тој исто така градел приватна војска.

Коломојски продолжи со своите деловни активности, а подоцна се пресели во Швајцарија.

Зеленски патувал во Женева во февруари 2018 година за да присуствува на роденденската забава на Коломојски.

Радио Слободна Европа, со проверка на летовите откри дека по тој роденден, Зеленски отишол во Женева уште 10 пати.

Освен тоа, откако Коломојски се пресели во Израел, Зеленски три пати бил во Тел Авив, меѓу октомври и декември лани.

Не е јасно дали двајцата тогаш се сретнаа.

И двајцата инсистираат на тоа дека нивниот однос е професионален и оти се базира врз работата на Зеленски.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG