Достапни линкови

Макрон: катедралата Нотр Дам брзо ќе биде обновена


Конструкцијата на Нотр Дам е спасена
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Конструкцијата на Нотр Дам е спасена

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ја обнови катедралата Нотр Дам во Париз, откако голем пожар ја зафати зградата, заканувајќи се да го избрише ова вековно наследство кое за многумина Французи е душа на нацијата.

Претседателот Макрон изрази олеснување откако пожарот беше ставен под контрола и кој во еден момент се закануваше да го урне целото здание.

„Најлошото е избегнато, дури и ако битката не е целосно извојувана. Следните часови ќе бидат тешки, но поради храброста на пожарникарите фасадата и двете кули не се распаднаа“.

Огнената стихија го уништи покривот на 850-годишното старо светско наследство на УНЕСКО, чија спектакуларна готска кула се распадна под притисокот на огнените јазици.

Околу 400 пожарникари кои девет часа се бореа со огнот во раните утрински часови рекоа дека тој бил ставен под контрола.

Шефот на противпожарната бригада во Париз, Жан-Клод Галет, рече:

„Можеме да сметаме дека главната структура на Нотр-Дам е спасена и зачувана, како и двете кули“.

Причината за пожарот се уште не е расветлена, но катедралата беше под интензивна реставраторска работа која, според пожарникарите, може да биде поврзана со пожарот.

Француските обвинители соопштија дека во моментов се третира како несреќа.

Французите како и светот остана шокирани од пожарот.

Пјер-Ерве Грожан, свештеник во Версајската епархија изјави: „Покрај католиците, верниците или неверниците, ја споделуваме истата приврзаност кон Нотр-Дам де Париз, бидејќи тоа е обележје, тоа е место на засолниште во француската историја“.

Филе Назон, жителка на Париз пак изјави:

„Мојот пријател и јас дојдовме до тука, ова е навистина страшно, тоа е историски локалитет кој не само што му припаѓа на Париз, туку и на Франција и не е само катедрала, туку симбол на Франција. Толку многу време требаше да се изгради Нотр Дам, но беше уништен за само неколку часа“.

Впроем, историчарите главно се согласуваат дека ако Париз е Ајфеловата кула тогаш Франција е Нотр Дам, односно дека целата култура, целата историја на Франција била инкарнирана во овој споменик.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак изјави дека катедралата Нотр-Дам претставува „симбол на европската култура“.

Градењето на катедралата посветена на Богородица Марија почнало во 1163 година и траеше скоро два века.

Првата голема реставрација на црквата беше од 1844 до 1864 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG