Достапни линкови

Мицотакис и покрај резервите ќе го почитува Договорот од Преспа


Мицотакис: имаме право да го блокираме македонскиот процес кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Мицотакис: имаме право да го блокираме македонскиот процес кон ЕУ

Лидерот на грчката опозициска конзервативна партија, „Нова демократија“ Киријакос Мицотакис смета дека е подготвен да го преземе кормилото на земјата. Тој вели дека ќе го почитува Договорот од Преспа, но оти го задржува правото да го блокира процесот за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Со анкети кои постојано го ставаат пред премиерот Алексис Ципрас, 51-годишниот Мицотакис е убеден дека изборите за Европскиот парламент во следниот месец ќе бидат пресвртница за Грција и ќе го приближат до победа на парламентарните избори што се очекуваат наесен.

Мицотакис во интервју за новинската агенција Ројтерс повторува дека има длабоки резерви во врска со Договорот од Преспа и оти Северна Македонија не треба да очекува автоматско влегување во Европската унија.

„Кога станува збор за пристапувањето во ЕУ - не мислам дека некој треба да очекува од Грција да се согласи да ги отвора и затвора поглавјата кога сé уште има отворени прашања кои не се опфатени со договори. Се разбира, целосно го задржуваме правото да го блокираме овој процес ако мислиме дека нашите национални интереси не се исполнети“.

Мицотакис наведува дека ако биде избран, ќе ги намали даноците и ќе спроведе „значајни реформи“ за да привлече инвестиции и да ја зголеми државната ефикасност.

„Имам намера да ги убедам моите партнери, нашите доверители, дека ние подразбираме бизнис кога зборуваме за спроведување на вистински реформи. Ние ќе ги спроведуваме не затоа што тие се дел од програмата, туку затоа што навистина веруваме дека тие се неопходни за да ја направат грчката економија поконкурентна и да ја подобри ефикасноста на грчката јавна администрација“.

Мицотакис оценува дека сегашната ситуација со десетици илјади мигранти и бегалци заглавени во кампови во Грција е неприфатлива при што ја критикува владата за премногу бавниот процесот на разгледување на барањата за азил.

Мигрантите го напуштија привремениот камп на северот на Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Тој го поддржува предлогот на Брисел за 10.000 европски сили за заштита на надворешните граници, со цел да се контролира кој влегува во границите на ЕУ.

Тој изразува загриженост за подемот на екстремната десница во Европа, велејќи дека Грција е на „првите редови на подемот на популизмот", откако владејачката левичарска партија Сириза соработуваше со екстремно десничарската партија на Панос Каменос.

Киријакос Мицотакис кој дипломира на Харвард стана член на парламентот во 2004 година.

Во 2016 година, иако се сметаше за аутсајдер, тој беше избран да ја предводи „Нова демократија“.

Мицотакис доаѓа од едно од највлијателните политички семејства во Грција. Неговиот татко беше поранешен премиер, а и неговиот дедо исто така беше политичар.

Мицотакис вели дека разбира оти доаѓа од привилегирана заднина, но оти тоа само го става во уште подобра позиција да отвори можности за грчките граѓани.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG