Достапни линкови

Нови детали за смрта на некогаш моќниот советник на Путин


Поранешниот руски министер Михаил Лесин
Поранешниот руски министер Михаил Лесин

Документите за обдукцијата нудат нови детали за смртта на поранешниот руски медиумски советник Михаил Лесин. Повеќе од три години, смртта на Лесин останува предмет на интензивни шпекулации. Пишуваат доиписниците на РСЕ од Вашингтон Мајк Екел и Карл Шрек

Откако телото на поранешниот руски министер за медиуми Михаил Лесин беше пронајдено во хотелската соба во Вашингтон, пред повеќе од три години, во прашање се доведуваат точните околности околу неговата смрт. Во документите од аутопсијата која и е ексклузивно доставена на Радио Слободна Европа се откриваат повеќе детали, но нема јасен доказ за целиот случај.

Поранешниот руски министер за медиуми Михаил Лесин, кој беше пронајден мртов во хотелската соба во Вашингтон во 2015 година, доживеал фрактура на коската на вратот веднаш под линијата на вилицата "на или во близина на времето" на неговата смрт, според објавените документи од медицинскиот извештај во Вашингтон, кои даваат нови детали за последните денови на Лесин.

Откритието не дава очигледни докази за вмешаност во смртта на Лесин, а друг момент во документите сугерира дека коската би можела да биде оштетена "по смртта" - веројатно за време на аутопсијата.

Сепак, тој детал, како и другите, содржани во датотеката од 149 страници, нудат најпрецизен научен опис за смртта на Лесин, за која официјални претставници објавија дека била несреќа и била предизвикана од тапа повреда во услови на прекумерна употреба на алкохол.

Некогашниот моќен медиумски советник на претседателот Владимир Путин, Лесин беше откриен мртов во хотелот "Дупoнт", кој се наоѓа на неколку блока од Белата куќа, во ноември 2015.

Новите досиеја беа објавени од страна на Канцеларијата на главниот медицински истражувач како одговор на тужбата за слобода на информации, поднесена пред речиси две години од страна на Радио Слободна Европа. Вашингтонскиот судија Хирам Пуиг Луго минатиот месец му нареди на градот да ги предаде досиејата.

Меѓу новите детали откриени од документите е тоа дека коската на Лесин лоцирана помеѓу гркланот и коската на вилицата - е целосно скршена.
Во документот се наведува дека ФБИ смета оти е можно да го преземе случајот во почетокот на 2016 година. Но не е јасно дали агенцијата официјално го сторила тоа, иако претходните досиеја објавени од агенцијата покажуваат дека нејзините агенти биле вклучени во испитувања на сведоци и испитување на видео снимки од хотелските камери.
Се наведува дека синот на Лесин, Антон, кој живее во Беверли Хилс, Калифорнија, изјавил за иследниците дека не знае зошто неговиот татко бил во главниот град на САД, а исто така известил дека Лесин редовно имал сериозни проблеми со пиење додека патувал.
Како што се дополнува, еден ден откако Канцеларијата на главниот медицински испитувач го објави првичен извештај, еден од неговите службеници бил повикан да се појави пред комисија, во потрага по причините за смртта на Лесин. Во извештајот поднесен на денот на смртта на Лесин, форензички истражувач во Канцеларијата на главниот медицински испитувач напишал дека детективот го повикал и рекол дека "пријателот" на поранешниот руски службеник му се обратил и "се распрашал за локацијата на починатиот. "

И покрај официјалниот заклучок дека неговата смрт била "несреќа", врските на Лесин со владејачката елита на Русија, бизарните околности на неговата смрт и низа чудни смртни случаи на Русите низ светот доведоа до постојани шпекулации дека тој можеби бил убиен.

Траума со тапа сила

На 10 март 2016 година, четири месеци по смртта на Лесин, во првичниот извештај на канцеларијата на лекарот беше наведено дека Лесин починал од траума од тапа сила врз главата, вратот, торзото, горните и долните екстремитети, но беше дополнето дека начинот на смртта е "неопределен . "

Еден ден по објавувањето, според ново добиените досиеја, официјален претставник од канцеларијата на медицинскиот испитувач бил повикан да се појави пред комисијата која ја испитувало смртта на Лесин.

Финалниот извештај, објавен во октомври 2016 година од страна на Канцеларијата на американскиот адвокат за полициски оддел во Вашингтон и Митрополитот, ја нарече неговата смрт случајна. Смртта на Лесин била предизвикана или за неа придонеле повреди на главата, вратот, торзото и горните и долните екстремитети кои биле предизвикани од паѓање ". Како фактор за смртта, во финалниот извештај беше наведена и акутна интоксикација со етанол на Лесин.

Официјалниот извештај на медицинскиот испитувач, објавен во октомври 2016 година, предизвика големи сомневања за некогаш моќниот, богат инсајдер на Кремљ, кој беше инструмент за уривање на руската независна телевизија и нејзино ставање под контрола на Кремаљ. Тој изгубил врски со Кремљ од непознати причини некаде помеѓу 2012 и 2014 година и оттогаш беше далеку од очите на јавноста.

На фотографиите објавени од страна на полицијата се гледаат шишиња пиво и алкохол, купишта на долари и смачкана облека на подот. Соработници на Лесин тврдат дека хотелот Дупонт не се совпаѓа со неговите вкусови за скап живот и повисоки стандарди за сместување.

Руските официјални не зборуваат многу во јавноста за смртта на Лесин, освен што укажуваа на тоа дека очекуваат американската истрага да обезбеди целосни детали.
Од неговата смрт, имотот на Лесин постепено се продава. Неговата јахта беше продадена на Флорида во 2016 година.

Во 2017 година, неговиот имотна Беверли Хилс истоа така беше ставен на продажба.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG