Достапни линкови

Трамп: на Америка и се случува економско чудо


Трамп повика на двопартиско единство во Конгресот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

Трамп повика на двопартиско единство во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во неговото второ обраќање за состојбата на нацијата во Конгресот повика на двопартиско единство и соработка. Трамп ја повтори заложбата за градење ѕид на границата со Мексико и ги бранеше неговите ставови за повлекување на американските сили од војните во странство и за отстатупвањето од договорите за оружјето со Русија и Иран. Тој најави дека со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се сретне на 27 и 28 овој месец во Виетнам.

„Агендата што ќе ја изложам оваа вечер не е републиканска агенда или демократска агенда. Тоа е агенда на американскиот народ“.

Сепак, нагласувајќи го американскиот економски раст за време на неговата администрација, Трамп предупреди дека „смешните партиски истраги“ би можело да го нарушат таквиот прогрес.

„Економско чудо се случува во САД. И единственото нешто што може да го запре тоа се глупави војни, политика или смешни партиски истраги. Ако има мир и легислатива, не може да има војна и истраги. Тоа едноставно не функционира на тој начин“.

Трамп ја повтори неговата намера да изгради ѕид на границата со Мексико со цел да го спречи влезот на мигранти во САД.

„Нема проблем кој подобро ја илустрира поделбата меѓу работничката класа на Америка и американската политичка класа, отколку илегалната имиграција. Богатите политичари и донатори се залагаат за отворени граници додека живеат зад ѕидови и порти и чувари. Во меѓувреме, Американците од работничката класа остануваат да ја платат цената за масовната илегална миграција - намалени работни места, пониски плати, преоптоварени училишта и болници, зголемен криминал и осиромашена мрежа за социјална заштита“.

Трамп го бранеше истапувањето на САД од договорот за контрола на вооружувањето со Русија и од нуклеарниот договор со Иран.

Тој ја повтори заложбата за враќање на американските сили од војните во странство, наведувајќи дека „големите земји не водат бесконечни војни“.

„Со години Соединетите држави неферски беа третирани од нашите пријатели, членки на НАТО, но сега ние обезбедивме зголемување од повеќе од 100 милијарди долари за трошоци во одбраната од сојузниците во НАТО. Тие рекоа дека тоа не може да се направи“.

Најавувајќи дека со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се сретне на 27 и 28 овој месец во Виетнам, тој ја пофали својата политика спрема Северна Кореја.

„Ако не бев избран за претседател на Соединетите држави, токму сега, според мое мислење, ќе имаше голема војна со Северна Кореја“.

Доналд Трамп го заврши својот 82-минутен говор со уште еден повик за единство и со оптимистичка забелешка дека на Америка допрва и претстојат големи успеси.

Таквиот оптимизам не беше поделен и во одговорот на Демократската партија на неговото обраќање.

Стејси Абрамс која во ноември тесно ја изгуби кандидатурата за гувернер ја повика владата да престане со политичките трикови, особено во економијата.

„Републиканскиот даночен закон го изманипулира системот против работните луѓе. Наместо да ги враќаат работните места, фабриките се затвораат, отпуштањата се зголемуваат, а платите се борат да држат чекор со вистинските трошоци за живот“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG