Достапни линкови

НАТО: Русија распоредува нови ракети во Европа


Столтенберг: Русија да ја почитува спогодбата за ракетите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Столтенберг: Русија да ја почитува спогодбата за ракетите

Генералниот секретар на НАТО ја повика Русија да го почитува ракетниот договор од времето на Студената војна. Според него, руските проектили биле нуклеарни и можат да стигнат до европските градови.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ја почитува спогодбата за ракетите од среден дострел, наведувајќи дека руските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави и да стигнат до европските градови.

Тој во Букурешт каде што учествува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ оцени дека Русија ја крши таа спогодба.

„Русија има развиено и распоредено нови проектили од среден дострел во изминативе неколку години. Ова е јасно кршење на Договорот“.

Столтенберг додаде дека на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во декември, Соединетите држави јасно ставија до знаење дека тие ќе го започнат процесот на повлекување од договорот во рок од 60 дена кој завршува во претстојниот викенд.

Тој рече и дека Русија „развила и распоредила нови ракети од среден дострел кои тешко се детектираат и биле мобилни“.

„Овие проектили тешко се откриваат, тие се мобилни, нуклеарно способни, можат да стигнат до европските градови и затоа тоа е нешто што е од голема загриженост и го поткопува камен-темелникот на европската безбедност, Договорот за нуклеарните сили“.

И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини повика на почитување на договорот.

„Вие знаете дека Европа има корист од договорот, дури и ако ние не сме, и ние не сме дел од него, ниедна земја-членка не е дел од него, но Европа од тоа енормно искористи во оваа последната деценија. Се надевам дека постои начин да се задржи и целосно да се имплементира. И тие две работи треба да одат заедно“.

Овој договор од 1987 година меѓу САД и Советскиот Сојуз, го забрани производството, тестирањето и распоредувањето на копнени и балистички ракети со дострел од 500-5.500 километри.

Пентагон ги информира сојузниците во НАТО дека новиот руски ракетен систем на Русија 9M729 е надвор од рамките на договорот.

Москва инсистира на тоа дека проектилот има опсег од помалку од 500 километри.

Соединетите држави соопштија дека на 2 февруари ќе го започнат шестмесечниот процес за напуштање на договорот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG