Достапни линкови

Двојазичноста стапи во сила, дилеми кој го прекршил Уставот


Уставна или не е постапката за објавување на Законот за јазиците во Службен весник без потпис на претседателот на државата, е тема на прекупување меѓу власта од една страна и претседателот на државата и опозицијата од друга. Законот е објавен само со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој вели дека имал уставна надлежност да го стори тоа. Од Владата ја поддржуваат неговата постапка. Претседателот Иванов и опозицијата велат дека тоа е неуставно и претставува основа за кривично гонење.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека има уставна надлежност да ги испрати Законот за јазиците и Законот за името во Службен весник без потпис на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Џафери вели дека Иванов имал доволно време да стави потпис.

„Јас не чувствувам никаква одговорност за тоа што сум презел како претседател на Собранието. Јас му дадов доволно време за двата указа, за првиот за законот за јазици имаше една година, а за другиот шест месеци. Јас го презедов тоа што е во мојата институционална надлежност и не сметам дека сум прекршил нешто“, рече Џафери.

Џафери: Постапив според уставните надежности
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

Претходно преку писмено соопштение претседателот на државата Ѓорге Иванов нотираше дека објавувањето на двата закони во Службен весник без негов потпис е противуставно. Во соопштението Претседателот вели дека со до доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот, а објавувањето на законите е направено незаконски и, како што пишува, претставува основа за кривично гонење.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и против директорот на Службен весник, Мартин Костовски.

И според опозициската партијата објавувањето на двата закони без потпис на претседателот Иванов, е противуставно.

„Секое објавување во Службен весник на законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата не е ниту легално, ни легитимно и носи политички и правни последици. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весник, но и против сите за кои ќе биде утврдена одговорност дека го прекршиле законот за објавувањето на законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата. Дополнително ќе поднесеме иницијатива за испитување на уставноста на законот за двојазичност до Уставниот суд. Со овој закон се урива уште еден темел на Република Македонија, еден темел кој ги поврзува сите етнички заедници кои живеат тука“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

За тоа дека од него ќе се бара кривична одговорност, Џафери вели дека претседателот на државата „ги помешал лонците“.

„Иванов не е тој што ќе покрене постапка против законодавната власт, туку таа е која ќе побара одговорност од него, Не кажав дека ќе побарам импичмент, но надлежноста на законодавната власт е да побара одговорност од претседателот. Тоа е надлежност на пратениците и тие можат да поведат импичмент за претседателот“, рече Џафери.

Од Јавното претпријатие „Службен весник“ известија дека го објавиле Законот за јазиците и сметаат дека тоа е во согласност со Уставот и законите иако претседателот Ѓорге Иванов не стави потпис на законот. Од „Службен весник“ се повикуваат на член 52, став 2 од Уставот, кој вели: „Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето“.

„Во согласно со тоа, а во врска со член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија, во кој се вели ‘Секој е должен да ги почитува Уставот и законите’ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска“, се вели во соопштението на ЈП „Службен весник“.

Од Владата преку соопштение наведуваат дека откако Иванов го прекршил Уставот, биле неопходни мерки, согласно Уставот, за да продолжи да функционира парламентарната демократија. Во соопштението стои дека Владата ја поддржува одлуката двата закони да бидат објавени во „Службен весник на РМ“ со потпис на Џафери, имајќи го предвид, како што велат, прекршувањето на Уставот од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Владата на Република Македонија смета дека со оваа постапка Претседателот на Собранието на РМ ја запре тенденцијата една церемонијална постапка на Претседателот на државата да се претвори во преседан кој се закануваше да го блокира функционирањето на системот и тоа со кршење на Уставот со оглед на фактот дека, според заедничкото читање на Член 75 и на Член 52 од Уставот, Претседателот на државата е должен да потпише указ секогаш кога Собранието по втор пат одобрува донесување закон“, стои во владиното соопштение.

Функционери од ДУИ на фејсбук го поздравуваат чекорот со Законот за јазици. Пратеникот Артан Груби на прес-конференција рече дека Законот за јазици од денеска стапува на сила и дека институциите веднаш треба да се придружуваат и да ги применат законските одредби.

„Објавата на законот заедно со законот за ратификација на договор со Грција е целосно согласно законите. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ пред нивното седиште и на албански јазик“, рече Груби.

И аналитичатите поделени отколу тоа дали постапката е уставна или не.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG