Достапни линкови

Грчката влада и корупциските истраги пред изборите


Грчки судии: владата се обидува да се меша во истрагите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Грчки судии: владата се обидува да се меша во истрагите

Грчките судии ја обвинија владата за обид за мешање во покренатите истраги за корупциски скандали. Постои сомневање дека ваквите истраги би можело да влијаат врз предизборната кампања.

Истраги се покренати против неколкумина официјални претставници, меѓу кои и поранешниот премиер Антонис Самарас и сегашниот гувернер на Народната банка Јанис Стурнарас.

Истрагите се однесуваат на корупцискиот скандал со швајцарската фармацевтска компанија Новартис.

Помошникот на министерот за здравство Павлос Полакис им забележа на јавните обвинители дека ја забавиле истрагата, наведувајќи дека во таа афера биле вклучени и важни луѓе во грчкото правосудство.

Грчкото Здружение на судии го критикуваше Полакис за обид за поткопување на работата на правосудните органи.

Аферата со швајцарската фирма Новартис беше интензивирана откако грчкиот премиер Алексис Ципрас во февруари лани го повика парламентот да испита неколкумина политичари за примање мито.

Според грчките закони, само парламентот може да ја испита улогата на министрите и пратениците во врска со вакви случаи.

Новартис лани вети дека ќе преземе активности доколку истрагата најде некакво неетичко или незаконско однесување.

Оваа компанија со седиште во Базел исто така објави дека иако знаела за истрагите од страна на Грција и на властите на Соединетите држави, не добила официјални наводи од грчките власти за такво нешто.

Сепак, од Новартис беше оценето дека имало „многу сензационални и неосновани тврдења во политизирана дебата“.

Грчките обвинители над две години спроведуваат истрага во која неколкумина сведочеа како заштитени сведоци.

Политичарите, кои беа именувани во парламентот, силно ги негираа тврдењата, нарекувајќи ги измислица и лов на вештерки од владата предводена од левичарската Сиризана премиерот Ципрас.

Според нив, тие сакале да ги дискредитираат пред годинашните парламентарни и локални избори, како и изборите за Европскиот парламент.

Според анкетите на јавното мислење, Сириза заостанува зад опозициската конзервативна Нова демократија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG