Аерозагадувањето во Македонија и денес е на многу визоко ниво, со висока концентрација на штетните ПМ10 честички. Во скопско Бардовци загаденоста утрово беше е 174 микрограми, на Водно 232 микрограми, во Кисела Вода 383 микрограми, Драчево 232 микрограми, а во Ѓорче Петров 270 и Центар 302.
Во Скопје, но и на голем број патни правци низ Македонија, веќе неколку дена има и густа магла, поради која, според „Македонија пат“, видливоста на некои места е само до 30 метри.
Мерењата во 9 часот утринава, покажаа дека Битола е најзагедниот град во Европа со најмногу ПМ10 честички, а Скопје, каде е направена оваа фоторепортажа - е со најгуста магла.