Достапни линкови

Селективна амнестија за 27-ми не е можна


Илстративна фотографија. Собранието на 27 април 2017.
Илстративна фотографија. Собранието на 27 април 2017.

Целосна амнестија за сите обвинети во настаните во Собранието на 27 не е вистинскиот пат на решавање, а за евентуална амнестија решава Координативното тело, велат од Владата. Експертите со став дека Собранието не утврдува факти и не може да постави поинаков степен на одговорност од судот.

Отако владата го отфрли предлог законот за амнестија за лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април кој беше доставен од опозициската ВМРО ДПМНЕ, од таму велат дека очекуваат Комисијата за помирување да предложи решение

Mинистерката за правда Рената Дескоска објаснувајќи ги причините поради кои владата на синоќешната седница дала негативно мислење на ова решениe, рече дека со Предлог законот на опозицијата се бара целосна амнестија за сите обвинети во настаните во Собранието на 27 април и оти тоа не е вистинскиот пат на решавање.

Како што е познато со овојот прелог, поднесувачите од ВМРО-ДПМНЕ бараат ослободување на сите осомничени, обвинети и осудени со стапувањето на законот на сила „со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата“

„Заради тоа што беше преширока амнестијата која е опфатена во тој закон, ставот беше дека евентуална амнестија и прашања од тој тип треба да се решаваат во рамки на телото за помирување во рамките на Собранието и од таму да произлезе предлогот“изјави Дескоска.

Од Координативното тело за помирување кое ги изработува препораките за амнестија велат дека копретседателката Фросина Ременски треба да се врати од службено патување вечерва и оти потоа очекуваат да договорат прв состанок на кој ќе го дефинираат нивниот предлог. Координативното тело беше формирано пред 10 дена и во него учествуваат координатори на сите пратенички групи освен од ВМРО ДПМНЕ

Дел од експертите коментираат дека е можен договор но оти тоа ќе биде политички договор за да се обезбеди двотретинско мнозинство на гласањето во Парламентот за почеток на промените на Уставот кои произлегуваат од Договорот од Преспа

Универзитетскиот професорот по кривично право Гордан Калајџиев вели дека амнестијата е обид да се постигне политички договор но оти друга работа е колку тоа е коректно од правен аспект.

Тој е дециден дека Собранието не може да одлучува за тоа кој е одговорен и на кој начин. Калајџиев укажува дека е започната судска постапка за тоа кој е одговорен и за кои дела односно дали е сторител организатор и слично. Според него судот може да одлучи за одговорноста и за понатамошните постапки и оти тоа е правно релативно јасно прашање.

„Собранието ако реши да даде амнестија по природата на амнестијата се дава за целиот настан и за сите. Значи Собранието ќе мора да одлучи или да им даде на сите амнестија за настанот од политички причини, ама не може да влезе во ваков хибрид да одлучи кој каква улога имал, бидејки Собранието не утврдува факти и не може да постави друг степен на одговорност отколку што може тоа судот и обвинителството

Политички ефект они може да постигнат ако им е приоритет што изгледа, да добијат некои пратеници за гласање тоа објективно политички може да го изведат, но тоа нема да биде коректно во смисла на правниот поредок“изјави професорот Калајџиев

Премиерот Зоран Заев деновиве изјави дека амнестијата ќе важи само за тие што не учествувале директно во настаните на 27 април.

Но професорот Калајџиев вели дека Собранието не може да се појави како екстра посредник во некој спор.

„Не може судот сега да се јави со своја идеја независно од обвинителство дека некој кој според кривичниот закон е одговорен и тие да кажат дека не е тоа сериозна одговорност бидејќи и собранието додека не го промени кривичниот законик го обврзуваат тие прописи. Во кривичниот законик се одредува за кои дела и која форма на одговорност има различен учесник во инкриминиран настан. Така што не може сега надвор од кривичниот законик во постапка што според правниот систем треба да ја утврди судот да се јави како екстра арбитер Собранието“изајви професорот Калјџиев.

Инаку министерката Дескоска, деновиве порача дека амнестијата за 27 април треба да биде врз основа на обвинителниот акт, односно во зависност од тоа за кое дело лицата се обвинети или осудени, и дека тоа е во надлежност на собраниското тело кое го подготвува законот, посочувајќи ги како пример веќе донесените пресуди за насилство врз пратеникот Села и министерката Шекеринска.

Во меѓувреме судскиот процес за 27 април продолжува.

На претходните рочишта беа презентирани смс и вибер пораки на неколку лица, меѓу кои и на поранешниот собраниски спикер и претседавач со Конститутивната седница, Трајко Вељаноски.

Во постапката за 27 април на 32 лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG