Достапни линкови

Вучиќ и Тачи: За договор е потребна помош од ЕУ


Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи на Европскиот форум во Алпбах во Австрија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи на Европскиот форум во Алпбах во Австрија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи на Европскиот форум во Алпбах, Австрија истакнаа дека договорот меѓу Србија и Косово е клуч за стабилноста на регионот и побараа подршка за негово постигнување.

Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и министерот Хашим Тачи на заедничката прес-конференција во Алпбах, Австрија, побараа поддршка од Европската унија (ЕУ) за да се постигне договор.

На конференцијата присуствуваа домаќинот на Европскиот форум, претседателот на Австрија Александар ван дер Белен, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и претседателот на Словенија Борут Пахор

"Ние ги уверуваме соседите во ЕУ да не се плашат од мирно решение на Косово и Србија, дури и во случај на корекција на границата. Косово и Србија нема да бидат први кои го направиле тоа", рече претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Тачи и Вучиќ разговараа за дијалогот меѓу Србија и Косово на работен појадок со претседателот на Австрија.

"Вчера и денес ние разгледани важни теми. Патување за сите нас, а особено за Косово, беше долго и тешко. Но, ние сме решени.Ќе го направиме нашиот дел, а тоа го очекуваме и од ЕУ. Ние остануваме посветени на дијалогот со Србија Влеговме во финалната фаза и потребна е секаква можна поддршка од ЕУ и од САД ", рече Тачи.

Александар Вучиќ, исто така, побара поддршка за договорот.

"Уморен сум од објаснувајќи дека Србија нема да наштети на регионот, но ние со Албанците, треба да ги решиме проблемите. Не знам дали нашите граѓани ќе не поддржат, но ние треба да работиме на решавање на проблемот кој е стар 200 години. Моето ветување е дека ќе вложиме напорна работа, за да се најде решението. Тоа ние не можеме да го направите без поддршката на Австрија и на ЕУ. Барам сите кои нам ни одржуваат лекции да кажат какво треба биде решението. Ние сметаме на ЕУ, ќе го комплетираме процесот што го започнавме со нив ", рече Вучиќ.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан рече дека "важно е да се има предвид дека, откако ќе се постигне договор, тој мора да се почитува".

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен и домаќин на Европскиот форум во Алпбах, каде што учествуваат Тачи и Вучиќ, рече дека ова е "позитивен момент за регионот".

"Билатералните проблеми не треба да се носта во ЕУ и затоа ние, особено Австрија, сме подготвени да помогнеме во тоа". По нашата средба вчера и утринава, убеден сум дека и Тачи и Вучиќ се подготвени и посветени на изнаоѓање на решение ", рече Белен.

Вучиќ и Тачи ќе се состанат во Брисел на 7 септември со високиот претставник Федерико Могерини во рамките на дијалогот за нормализирање на односите.

Вучиќ и Тачи: Работиме на договор меѓу Србија и Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG