Достапни линкови

Вознемиреност на Косово и во Србија околу можното менување на границата


Можното менување на границата внесе вознемиреност на Косово и во Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:36 0:00

Можното менување на границата внесе вознемиреност на Косово и во Србија

Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, изјавија дека би можело да се разгледа прашањето за менување на заедничката граница како решение на долгогодишниот проблем. Некои локални жители, пак, се загрижени дека тоа всушност би можело да ги влоши етнички тензии.

Станимир Светозаревиќ живее во Славујевац во општина Прешево.

Таа се граничи со Косово каде што мнозинско население се Албанци. Неодамна, почна да се најавуваат разговори за прецртување на границата.

„Не се плашам, ќе останам овде, не го кажувам ова од некои национални верувања. Едноставно: чувствувам дека сум Србин и ќе останам засекогаш“, вели тој.

Повеќе од 100 земји го признаа суверенитетот на Косово откако прогласи независност од Србија во 2008 година, но не и Србија.

Неодамна, лидерите на двете земји Хашим Тачи и Александар Вучиќ рекоа дека се отворени за можноста за прецртување на границите во оваа област како излез од дипломатскиот ќор-сокак.

„Јас сум посветен на постигнување договор и по барање на албански претставници предложив корекција на границата со Србија“, рече Тачи.

„Јас сум за - и ова е мојата политика со Албанците. Да има територија каде што не се знае кој управува и како, и што му припаѓа на кого - тоа е секогаш извор на потенцијални конфликти“, изјави Вучиќ.

Ништо конкретно не беше најевено, но и самите разговори за прецртување на мапите создадоа тензии кај луѓето од двете страни на границата.

Жителите потенцијално би можеле да се најдат во друга земја без да го напуштат својот дом.

Каплан Пеци живее во близина на Митровица, град со мнозинско српско население во северно Косово. Повеќето Срби би сакале овој дел од Косово да стане официјално дел од Србија. Но не и Пеци.

„Само во Косово. Многу е тешко да го напуштиме нашето место. Ние сме тука од нашите прадедовци, баби и дедовци, родители“, вели тој.

Војната 1998-1999 на крајот доведе до прогласување независност на Косово пред една деценија.

Меѓутоа, многу сложени прашања за суверенитетот и границите никогаш не беа решени.

Нафиз Малета од Косово вели:

„Постои некаква конфузија, што го загрижува населението кое живее тука. Опасно е“, вели тој.

Србија и Косово сакаат да влезат во ЕУ, така што решавањето на нивните билатерални односи е предуслов за членство.

Но, водечките членки на ЕУ се противат на какви било промени на границите на Балканот, плашејќи се дека таквите потези би можеле да предизвикаат нови конфликти.

Шариф Рама во врска со новите навестувања вели:

„Ќе видиме што ќе се случи, но ние никогаш нема да се согласиме со тоа. Ние сме многу компактно село, многу хомогено. Од сите косовски села до границата со српското население, ние сме единственото село од кое луѓето не се иселија“, вели тој.

Вита Савиќ пак, вели:

„Што ќе биде ќе биде. Не може да се избегне. Немам проблем со нив. Слободно одам во Прешево“, вели таа.

Следниот круг разговори меѓу лидерите на Србија и Косово се очекува во септември.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG