Достапни линкови

Самитот во Хелсинки, победа за Путин или за Трамп


Самит кој може да значи многу и за Путин и за Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Самит кој може да значи многу и за Путин и Трамп

За американскиот претседател Доналд Трамп, средбата со Владимир Путин во Хелсинки претставува своевидна опасност со оглед на политичките реакции дома и во странство, велат аналитичарите. Според нив, за рускиот претседател, фактот што самитот се случува е веќе голема геополитичка победа.

Кремљ одамна се обидува да организира самит, обложувајќи се на тоа дека Путин и Трамп добро ќе се разберат и ќе ја запрат острата надолна спирала во билатералните врски.

Москва на самитот во Хелсинки гледа како на признание на САД за статусот на Русија како голема сила и задоцнето сфаќање на Вашингтон дека нејзините интереси мора да бидат земени во предвид.

Дејвид Сакони, професор по политички науки на Универзитетот Џорџ Вашингтон во врска со ова вели дека и самото ракување со Трамп му дава огромни придобивки на Путин.

Сакони и со забелешки во врска со тоа што состанокот ќе почне со тет а тет средба меѓу двајцата претседатели на која ќе присуствуваат само преведувачи, а потоа разговорите ќе продолжат во проширен состав на работен ручек.

„Со толку многу сомневања што летаат околу тоа дали има заговор или соработка меѓу САД и Русија или дека Трамп има долгогодишен аранжман со руската влада, колку и да се неосновани и без докази, можноста да се влезе во просторијата сами без вашите советници, едноставно е алармантно и необјасниво“.

Тоа, според посматрачите остава простор за сомневање, особено ако се има предвид дека не исчезна западната загриженост за анексијата на Крим од страна на Русија, поддршката на проруските сепаратисти во Украина и поддршката за сирискиот лидер Башар ел Асад.

Александар Габуев, виш соработник и претседател на Азиско-пацифичката програма во Центарот Карнеги во Москва вели:

„Не мислам дека било каков напредок или договор е навистина на маса. Тензиите меѓу Русија и САД се длабоки, одат подалеку од личноста на претседателот Трамп, па дури и од претходните политики од администрацијата на Обама, или дури и поголеми од ангажманот на Путин на Крим или во војната во Сирија“.

На претходните состаноци Трамп и Путин признаа дека дискутирале за наводите за руско мешање во американските претседателски избори преку сајбер напади и социјалните медиуми.

Затоа најавата на Трамп преку Твитер дека размислува за заедничка сајбер-иницијатива со Русија шокира многумина политичари во Соединетите држави.

„Да се влезе во еднаква или слична форма релации со земја која можеби организирала доста софистицирана кампања за да ја поткопа нашата изборна демократија ... нема добро објаснување за тоа“.

Трамп порано се состануваше со Путин на маргините на два меѓународни собира во минатата година, во Германија и Виетнам.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG