Достапни линкови

Моторџии, дискотеки и полицајци - вие коментирате


Протестот на моторџиите против намерата на скопскиот градоначалник и полициската контрола во дискотеките во фокусот на вашите коментари на социјалните мрежи.

Две информации што ги објавува РСЕ на својата веб-страница, а кои се однесуваат на граѓанската дисциплина и (не)почитување на редот собрале прилично коментари од посетителите на нашата ФБ страница.

Моторџиите револтирани од одлуката на градоначалникот Шилегов да им наплаќа паркинг“, а Максуд Кујтим напишал: „Никаде не плаќаат паркинг во Европа за мотор, срамота што го донесуваат овој закон“. Габи Андре дури и со иронија постирала: „Ајде бе, а таман се заработи човекот“. Но повеќето постови ја покажуваат револтираноста од бучавата што ја предизвикуваат момците со јаки мотори и со конкретни податоци дека и во големите европски градови и тоа како се наплаќа паркинг за мотор. Ангел Гаволески пишува дека во ниту еден град во Европа „не се вози на едно тркало и не се прават трки среде бел ден!“ Сунчица Давидовиќ Павлова наведува: „На влезот на Париз, општина Винсен, има паркинг за мотори и се наплаќа евро и пол за два часа“. Љиљана Илиевска исто така со конкретна информација: „Не е вистина, во Стокхолм плаќаат и мотори и мопеди. 1 евро за час во центарот, 50 центи во останататите делови на градот“.

За Лазе Македонецот Арсовски тоа што МВР заедно со Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи направија неколку рации по диско клубови и кафулиња во Скопје било владеење на диктатура и „само хунта влага по дискотеки вооружена за да создаде страв меѓу младите“, постирал. Испуштајќи го од вид податокот дека кај еден од сопствениците бил пронајден пиштол без дозвола, a и кај повеќе посетители, и дека се нападнати и повредени припадници на МВР. И Гоце Андреевски Македонски со негативен став: „Епа, чорба комуњаро, нема човек што не ве мрази“. Ивица Младеновски има друго мислење: „Полицијата треба под итно да го врати стапот и да си почне со работа за секој што ќе заслужи, а не сите по фејсбуци да плачат. Се знае, полиција е полиција. Биле вооружени. Ајде метли да им дадеме, па нека метат...“

И малку од политиката. Соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека за Зоран Заев „потпишувањето на капитулантски договор... е добра вест само за него“ и дека, како што велат од Партијата, „Заев не лаже, суши!“ предизвикало повеќе коментари на оние со спротивно мислење. Марко Митески постирал: „Ако он суши, што да се каже за вашите 11 години. Нема соодветен збор за вмровското владеење кога расплачавте мајката на Македонија, а сега како невини овчички???“ А Јелмаз Красниќ инвентивно ги наредил имињата на Младенов, Крпач, Тамара, Диво насеље и Нешкоски, а буквите некаде во средината на сите зборови читани надолу го даваат зборот ДПМНЕ.

Од друга страна, информацијата дека досегашниот претседател на Управниот одбор на МНТ Александар Поповски си дал оставка затоа што институциите во државава не реагираат цела година на несредените состојби во националната театарска куќа, испреплетени и со проневера на народни пари – не предизвикал ниту еден коментар. Значи ли тоа дека културата е последното гајле на граѓаните?

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG