Голема група граѓани вечерва пред Собранието се судрија со полицијата по што таа испука солзавец и шок бомби за да ја растера групата која ја растргна оградата и ги нападна полицајците. Полицијата во акцијата употреби и окопни транспортери.
Вечерва групата пред Собрание е растурена, но потоа помали групи демонстранти се судираа со полицајците низ улиците околу Македонскиот Парламент. Демонстрантите фрлаа пиротехнички материјал, факли, петарди, камења и шишиња.
Демонстрантите беа организрани преку социјалните мрежи, а како и во претходните вечери меѓу нив имаше членови на спортски навивачки групи.
Тие протестираа против договорот со Грција што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Демонстрантите му даваа подршка на Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.
На протестите беа присутни Јанко Бачев од Единствена Македонија поранешните пратеници Солза Грчева, Филип Петровски и Александар Пандов.
Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори. Засега нема информации за број на повредени граѓани.