Достапни линкови

Грчката влада меѓу два огна


Грчката влада под критики не само за договорот со Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Грчката влада под критики не само за договорот со Македонија

Грчкиот парламент се очекува расправата за недоверба на владата, побарана од опозициската Нова демократија која се противи на договорот со Македонија за решавање на спорот со името, да ја заврши в сабота. Во меѓувреме, парламентот го усвои последниот од серијата закони за финансиските реформи што ги бараат странските доверители, бидејќи се приближува крајот на меѓународната финансиска помош за Грција.

Грчкиот парламент усвои пакет брзи реформски закони за отклучување на 12 милијарди евра, што е четвртиот и последен дел од програмата за заем.

Тоа е со цел Атина да може да побара натамошно олеснување на долговите од официјалните доверители во следната недела.

Легислативата вклучува мерки за забрзување на приватизацијата во енергетскиот сектор и измени во даноците на недвижностите.

Тука се и и реформите во пензискиот систем и понискиот праг за ослободување од данок.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги бранеше најновите мерки, велејќи дека реформите се тешки, но неопходни за враќање на кредибилитетот на земјата.

Според него, ова било историска седница, бидејќи по осум години, парламентот за последен пат гласа за мерки за штедење.

„Верувам дека на крајот од денот, историјата и народот што ќе ни судат на сите, а тие ќе ни судат за нашите одлуки, ќе решат дека постапувавме правилно“.

Претходно шефот на главната опозициска партија Нова Демократија Киријакос Мицотакис го критикуваше законот кој помина со 154 гласа.

„Владата го удави грчкиот народ со даноци, го урна растот, ја осиромаши средната класа, ги казнуваше и се уште ги казнува успешни бизниси“.

Додека пратениците дебатираа, илјадници луѓе демонстрираа пред парламентот против предвидените реформи.

Еден од нив, Танасис Аргирис, пензионер, ги спореди реформите со гилотина:

„Тие ќе уништат сè, ништо нема да остане. Затоа излеговме на улици, со младите, со нашите деца и внуци, пензионерите, сите, против оваа гилотина што сакаат да ја постават“.

На исто мислење е и Констатина Коста:

„Владата си оди по својот сопствен пат, оној што е во спротивност со волјата на народот. Ова го докажаа во последните три, три ипол години откако се на власт и сега луѓето страдаат, бидејќи луѓето што ги гласаа работат против работничките права и против сè што луѓето во земјата го сакаат токму сега“.

Претходно лидерот на Нова демократија Мицотакис поднесувајќи го барањето за гласање недовреба на владата на Ципарс изјави:

„Договорот Ципрас-Заев е лош договор. Прифаќањето на македонски јазик и македонска етничка припадност претставува неприфатливо национално отстапување“.

Владата на Ципрас има 154 пратеници во парламентот од 300 места и затоа не се очекува да падне.

Сепак, доколку и биде изгласана недоверба Ципрас ќе мора мандатот да му го врати на шефот на државата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG