Достапни линкови

Вие коментирате - кој си игра со народот?


Скопје архива
Скопје архива

„Е тогаш нормалните демократски држави од Европа ќе сакаат да нè примат покрај себе, а не вакви какви што сме,скоро фанатици...“ - се вели во еден од коментарите на ФБ на текстовите на РСЕ

Редовното неделно интервју на РСЕ, овојпат е со омбудсманот Иџет Мемети, кој ,покрај другото, вели дека граѓаните во изминатите години почнале да се плашат од судството наместо да го сметаат за правичен сојузник. Во повеќето коментари на нашата ФБ страница, меѓутоа, посетителите имаат свое видување токму на функцијата народен правобранител, или омбудсман.

Тони Димитровски, на пример, смета дека институцијата народен правобранител „џабе постои, не сум прочитал дека нешто решила... затоа не нè сакаат во Европа“ и додава: „Формална институција“. Но, Фиданка Мудриниќ постирала: „Паметен човек знае. А Заев, Шекеринска и Димитров не гледаат тоа, гледаат само како народот да го пљачкаат“.

Ласте Џеладини се жали на полицијата и вели: „Овде во Македонија полиција од зелено ќе ти прави црно, маѓионичари се, браво!“ По нашата информација дека мнозинството во ЕУ е за почеток на преговори, но дека има дебата за подготвеноста за проширување и тоа дека Франција и Холандија имаат различни погледи околу проширувањето на Унијата, Дејан Донев испратил дури 9 коментари во кои ја опишува состојбата и работата на домашните институции и што треба да се поправи, за да заклучи: „Е тогаш нормалните демократски држави од Европа ќе сакаат да нè примат покрај себе, а не вакви какви што сме, скоро фанатици...“ А Љубе Петровски се согласува со него и дури му предлага да се кандидира за претседател на државата „со такви како тебе ќе крени Македонија напред“.

И, редовната тема додека се одржуваат преговорите за името: За тоа дека во Њујорк на последната рунда Димитров – Коѕијас со медијаторот Нимиц нема решение и дека преговорите продолжуваат во Брисел, Коле Пасков смета дека „Грчката дипломатија ги замрсува конците не само на комшиите туку и на цела Европа, каде се видело досега да земат 430 милијарди помош, а не сакаат сега да ни помогнат. Што им смета Македонија како држава, тие си имаат територија Македонија“.

Панте Јованов постирал: „Крајно несериозни политичари без ставови, без стратегија, тие си играат со народот, а странците си играат со нив“. Максуд Кујтим предлага да прекинат преговорите, „а овие нашиве одат на одмор во Грција, слеп народ“.

XS
SM
MD
LG