Десет лица загинаа, а уште 15 се повредени откако 25-годишниот Алек Минасијан вчера со комбе удри во пешаци во северниот дел на Торонто.
Шефот на полицијата на градот Марк Саундерс рече дека осомничениот во инцидентот не и бил познат на полицијата.
Неговите мотиви засега се непознати, изјави Саундерс, додавајќи дека по се изгледа станува збор за намерен напад.
„Врз основа на изјавите на сведоците, имаме возило што се движеше од север на Јанг Стрит од Финч кон југ, извесно време на тротоари. Значи, многу е јасно само од општа перспектива да се каже дека акциите дефинитивно изгледале оти биле намерни“.
Канадската телевизија објави снимка на која се гледа апсењето на Минасијан откако тој претходно вперува нединетификуван објект кон полицијата.
Канадските медиуми објавија дека Минасијан не бил поврзан со ниту една организирана милитантна група.
Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл изјави дека не постои никаква опасност за националната безбедност.
„Настаните што се случија на улицата зад нас се ужасни, но тие не изгледаат дека се поврзани на каков било начин со националната безбедност врз основа на информациитедостапни во ова време“.
Инцидентот се случил за време на состанокот во Торонто на шефовите на дипломатиите на земјите на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Соединетите држави, Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија.
Канадските власти соопштија дека според првичната истрага не била пронајдена никаква врска меѓу овие два настана.
Инцидентот потсети на нападите со возила во Њујорк, Барселона, Лондон, Ница, Париз, Берлин и Стокхолм, каде што возачи намерно ги наосчуваа нивните возила во пешаци.
Некои од нив и со порака дека станува збор за напади извршени во името на таканаречената Исламска држава.