Од 19 април до 3 мај, во галериите во Штип, Кочани, Прилеп, Битола, Струга и Крушево, ќе се одржи изложбата на фотографии печатени во сито техника „Споменици на Револуцијата“ на Марко Кројач, слободен уметник и припадник на берлинската алтернативна сцена. Поставката ги прикажува спомениците и приказните за нивното настанување, како и сегашниот однос на луѓето и воопшто културните политики кон постојните споменици во едно време на постојано променлив идентитет.
„Споменици на Револуцијата“ на Марко Кројач

5
Куманово, Коста Ангели - Радовани, Споменик на револуцијата, 1951-62

6
Гевгелија, Јордан Грабулоски, Слобода

7
Петрова Гора, Војин Бакич, 1981

8
Илирска Бистрица, Јанеж Ленаси, Споменик на прекуморските бригади, 1965